Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата до нигериската заедница во Рим: Бидете универзални; не се затворајте во сопствената култура

Примајќи ги во аудиенција членови на нигериската католичка заедница во Рим, папата Фрањо изрази благодарност за радосното сведоштво на Евангелието и богатството на повикот и истакна дека различноста на традициите и јазиците не е проблем, туку дар кој го збогатува ткивото на Црквата и општеството. Тој ги вети своите молитви за сигурност, единство и духовен и економски напредок за таа африканската нација.

Ватикан Вести

Папата до вработените во Италијанската радио телевизија (РАИ): Информациите и забавата нека шират вистина, вредности и убавина

Папата Фрањо ги прими членовите на управниот одбор и персоналот на РАИ-  по повод 70-годишнината на телевизијата и 100-годишнината од радиото и посака услугата што ја даваат да биде одговор на потребите на граѓаните, во духот на општата отвореност, гарантирајќи плурализам кој почитува различни мислења и извори, против секоја лажна вест. Нека различните изрази на кинематографијата, фикцијата, културата, забавата и спортот ја промовираат перспективата на доброто.

Ватикан Вести

На плоштадот Свети Петар прославен празникот Цветници

Папата Фрањо во недела 24 март 2024 година го предводеше славењето на Страдалната недела, Цветници, на плоштадот Свети Петар, последната недела пред Велигден. Одбележувањето на свеченото влегување на Господ во Ерусалим претходеше на светата Литургија, каде евангелскиот дел зборува за Христовото страдање. На крајот од Литургијата, останувајќи пред базиликата, Светиот Отец ја упати молитвата Ангел Господов.

Ватикан Вести

Папата се моли за жртвите од „кукавичкиот терористички напад“ во Москва

Во недела 24 март 2024 година, за време на молитвата Ангел Господов – на самиот крај од Литургијата на Цветници, папата Фрањо ја изрази својата тага за тешкиот и трагичен напад во Русија, барајќи преобраќање на срцата на оние кои планираат, организираат и спроведуваат такви нечовечки дела кои го навредуваат Бога. Исто така, Светиот Отец рече дека се моли за оние кои страдаат поради војната во Украина и Газа, а ги спомена и двајцата убиени мировници во Колумбија.

Ватикан Вести

Папата Фрањо се сретна со претседателот на Малта Вела

Папата Фрањо во аудиенција го прими малтешкиот претседател Џорџ Вела, кој му подари на Папата шест компјутери за клиниката „Мајка на милосрдието“ која им служи на сиромашните на плоштадот Свети Петар.

Ватикан Вести

Папата Фрањо во аудиенција ги прими бискупите на Лацио

Автентичен синодален пат, близина со свештениците и народот Божји: истакна Папата обраќајќи им се на епископите од Лацио кои ги прими по повод нивната ad liminа посета. Средбата беше „многу отворена и ведра“, се разговараше за различни теми.

Ватикан Вести

Папата ги довери на свети Јосиф разурната Украина и Светата Земја

Папата Фрањо ја заврши Генералната аудиенција со охрабрување до верниците заедно со него страдањата на Украина и Светата Земја да ги доверат на Свети Јосиф и да се вложат максимални напори за да се дојде до мировни преговори.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Бог не нѐ сака само „свети“ туку „интелигентно свети“

Папата Фрањо ја посвети катехезата на Генералната аудиенција на 20 март 2024 година на крепоста разборитоста. Неговиот текст го прочита монс. Пјерлуиџи Жироли.

Ватикан Вести

Порака на Папата за Светскиот молитвен ден за звања: Сеење надеж

Во својата порака за Светскиот молитвен ден за звања, папата Фрањо им се обраќа на поединци и заедници, охрабрувајќи ги да „излезат од рамнодушност“ и да бидат „ходочесници на надежта“.

Ватикан Вести

Папата: Страсната седмица е благодатно време за отворање на нашите срца

Папата Фрањо во вторник 19 март 2024 година им се обрати на братствата во Мерида, шпански град познат по Постојките на Крстниот пат околу античките споменици од римско време. „Запомнете дека Страсната седмица е благодаттно време кое мора да биде посветено на молитва и на браќата во најголема потреба“, вели Папата. „Во Божјото присуство – потсетува Папата – ги чувствуваме другите наши браќа и сестри, наместо да ги замислуваме како непријатели и да се одвојуваме уште повеќе од нив“.