Tag "Папа Фрањо"
Папата: Невооружени цивили се убиени со снајпер во Газа
Еден ден по пукањето од страна на израелската армија во парохијата „Свето Семејство“ во градот Газа, папата Фрањо повторно се помоли за мир во таа земја која страда и ги кажа имињата на жртвите изненадени од трагичниот напад извршен таму „каде што нема терористи, туку семејства, деца, болни и инвалиди, монахињи. Убиени се мајка и нејзината ќерка”
Папата: Во божиќниот концерт со сиромашните има вистинска христијанска порака
Папата Фрањо се сретна со организаторите на концертот што се одржа во петок 15 декември 2023 година во салата Павле VI. Можноста да се одржи бесплатен концерт за илјадници сиромашни луѓе, рече Папата, покажува чувство на братство
Папата: Загубата на детски животи нека ги допре срцата на оние кои можат да ја запрат војната
На средбата со младите членови на Италијанската католичка акција папата Фрањо ги насочи своите мисли кон децата кои страдаат од војната во Газа, Украина и Јемен. Ги потсети момчињата и девојчињата дека дарот на Божјата љубов на Божиќ не повикува да го сакаме Господ и да се сакаме едни со други
Папата: Бидете знак на блискост во свет кој маргинализира и отфрла
Папата Фрањо се сретна со членовите на Италијанската унија за превоз на пациенти до Лурд и меѓународните светилишта (UNITALSI) по повод 120-годишнината од нивното формирање. Тој ги охрабри да продолжат да се грижат за слабите преку ходочестијата кои се патувања за живот, патувања на исцелување, кои го промовираат достоинството на секој човечки живот, особено оние кои се погодени од болест, кревкост и страдање.
Папата: Вештачката интелигенција нека биде пат до мирот
Пораката за Светскиот ден на мирот 2024 година, кој ќе се слави на 1 јануари, папата Фрањо ја посвети на новите технологии: „Ако ја зголемуваат нееднаквоста и конфликтите, не може да се сметаат за вистински напредок“. Папата предупреди на сериозните ризици од кампањите за дезинформации кои можат да поттикнат тероризам или да се мешаат во изборните процеси и апелираше до меѓународната заедница да усвои обврзувачки меѓународен договор кој ќе ја регулира употребата и развојот на вештачката интелигенција.
Генерална аудиенција: Посланието за навестување ги вклучува сите христијани
Завршувајќи го циклусот катехези во среда посветена на апостолската ревност, папата Фрањо на Генералната аудиенција истакна дека секој крстен е повикан да сведочи и да го навестува Евангелието на сите народи.
Папата повторно упати апел за прекин на конфликтот во Појасот Газа
„Не за оружјето, да за мирот“, рече папата Фрањо, обновувајќи го својот апел за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.
Папата: Здравствено сум подобар, не размислувам да се повлечам и би сакал да одам во Белгија
По повод празникот Пресвета Богородица од Гвадалупе, папата Фрањо разговараше со новинарката Валентина Алазраки за мексиканската телевизија N+. Тој рече дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика и се осврна на неговиот близок однос со Бенедикт XVI: „Беше понизна личност, голем човек. Му се восхитувам“
Генерална аудиенција: Посланието за навестување ги вклучува сите христијани
Завршувајќи го циклусот катехези во среда посветена на апостолската ревност, папата Фрањо на Генералната аудиенција истакна дека секој крстен е повикан да сведочи и да го навестува Евангелието на сите народи.
Папата: Да ја намирисаме реалноста со добри дела, отстранувајќи ја омразата и стравовите
На 12 декември 2023 во попладневните часови во ватиканската базилика Свети Петар, папата Фрањо ја предводеше светата Литургија по повод празникот Пресвета Богородица од Гвадалупе. Иконата втисната на наметката на Свети Хуан Диего е ликот на првата ученичка, мајка на верниците, на самата Црква, истакна Папата. Марија е мајка и таа едноставна порака не штити од бројни општествени и политички идеологии