Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо го најави своето патување во Јужен Судан
После молитвата Ангел Господов, папата Фрањо апелираше за национално помирување во Јужен Судан и во молитвите ја препорача Боливија. Се осврна и на Италијанскиот ден на националната благодарност за плодовите на земјата и работата.
Папата Фрањо: Бидете сѐ подобри „толкувачи на Евангелието“
Папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на меѓународната конференција насловена „Црква, музика, интерперетатори: Неопходен дијалог“, која се одржа од 7 до 9 ноември 2019 година, а во организација на Папскиот совет за култура во соработка со Папскиот Институт за црковна музика и Литургискиот Институт на Папскиот универзитет свети Анселмо.
Папата Фрањо на доделувањето на Наградата Рацингер: Наша должност е да бараме патишта за средба со Бог
По повод доделувањето на Наградата Рацингер во Ватикан, папата Фрањо повторно ја истакна почитта и наклонетоста која ја чувствува кон својот претходник. Заслугата на добитниците на наградата е тоа што од една страна темелно ја проучиле појавата секуларизација, а од друга страна инкултурацијата. Тие помагаат да се пронајде патот за невестување на Христос во нашето време – рече Папата Фрањо.
Папата: Нема срце во кои Христос не би сакал повторно да се роди
На литургиското славење по повод празникот Посвета на Латеранската базилика, папата Фрањо ги повика верниците во Римската бискупија новата доба на евангелизација да ја живеат со духовна леснотија. Во текот на прославата Папата им даде мандат на пасторалните тимови.
Папа Фрањо: Потребна е револуција на културата во служба на „распнатите во нашето време“
Во долгиот говор на шпански јазик Папата го поттикна Секретаријатот за општествена праведност и екологија на Дружбата Исусова да продолжи да им служи на „распнатите во нашето време“. Според неговите зборови потребна е културна револуција.Служењето на сиромашните, воспитувањето, вниманието кон бегалците, заштита на човековите права.
Папата ги прими претставниците на Армијата на спасението
Во свет обележан со егоизам и поделби треба да се донесува светоста која се покажува со помош на последните. Тоа го истакна папата Фрањо кога ги прими во аудиенција во Ватикан, командантот на Армијата на спасението со сопругата и придружбата.
Тајланд и Јапонија со радост го очекуваат доаѓањето на Папата
Папата Фрањо од 20 до 26 ноември 2019 година ќе ги посети Тајланд и Јапонија. „Христови ученици, ученици мисионери“ е мотото од првиот дел од 32. Апостолско патување на папата Фрањо.
Молитвена накана на Папата за месец ноември 2019
Папата Фгањо ги повикува верниците во месец ноември да молат за дијалог на Блискиот Исток и истакнува дека бројни христијански заедници на тоа подрачје, заедно со еврејските и муслиманските, се ангажираат за мир
Папата: Животот има голема вредност, ако се живее како дар
По завршување на катехезата на Генералната аудиенција папата Фрањо се обрати до присутние поклоници
Генерална аудиенција: Градете мостови со оние кои имаат поинакви уверувања
За време на Генералната аудиенција, во среда 6 ноември 2019 година, папата Фрањо поттикна да го отвориме преминот помеѓу евангелието и паганскиот свет, како што тоа го направи свети Павле, кој на атинскиот аеропаг се вдханови од олтарот на кој пишувало ‘на непознатиот бог’ и кого паганскиот свет го гледал со очи на верата, а не непријателски