Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата се молеше за обединета Европа

Во изминатите два дена имаше две годишнини; 70 годишнината од Декарацијата на Роберт Шуман која овозможи создавање на Европската Унија и годишнината од завршетокот на војната. Да го молиме денес Господ за Европа за да расте обединета во единството на братството кое дава да се развиваат сите народи во единството и во различноста – рече папата Фрањо на светата Литургија.

Ватикан Вести

100 години од раѓањето на свети Иван Павле II во зборови и слики

По повод 100 годишнината од раѓањето на свети Иван Павле II која се одбележува на 18 мај, Ватиканската издавачка куќа објави книга „100 години. Зборови и слики“, во која се објавени избор од неговите текстви и фотографии.

Ватикан Вести

Молитвена накана на Папата за мај: Молитва за ѓаконите

Во видео пораката во која ја претставува молитвената накана за овој месец, папата Фрањо ги поттикна верниците на молитва за ѓаконите, со нивното верното служење на Словото Божјо и на сиромашните да бидат животворен знак за целата Црква.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Да дозволиме Господ да нè утешува

На светата Литургија папата Фрањо го спомна денешниот Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и повика Божји благослов за работниците во тие институции кои прават големо добро. Во проповедта истакна дека Господ секогаш утешува од блиску, и во вистината и надежта.

Ватикан Вести

Ден на Црвениот крст за здравствените работници во борба против пандемијата

На 8 мај 1828 година е роден Анри Динан, на чиј поттик е основан Меѓународниот одбор на Црвениот крст

Ватикан Вести

Папата Фрањо : Да го молиме Господ за свесност за припадноста кон народот

На светата Литургија во домот Света Марта папата Фрањо повторно посебно ги спомна уметниците и го молеше Бог да ги благослови. Во проповедта потсети дека да се биде христијанин значи да му припаѓаш на народот кој Бог бесплатно го избра. Ако за тоа не сме свесни паѓаме во најопасните застранувања: во догматизми, морализми, во елитни движења.

Ватикан Вести

Папата молеше за новинарите

“Да молиме денес за мажите и жените кои работат во средствата за информирање. Во оваа време на пандемија ризикуваат многу, а освен тоа имаат и многу повеќе работа од вообичаеното. Нека Господ им помогне во таа работа за секогаш да ја пренесуваат вистината” – повика папата Фрањо во воведните зборови на светата Литургија во домот Света Марта во среда 6 мај, која с‚ уште се служи без учество на верници. Во проповедта ги поттикна слушателите и гледачите да дозволат Исус

Ватикан Вести

Срцето на Папата „на пат кон Лухан“

Секоја година на 8 мај многубројни верници одат на поклонение во базиликата на Нашата Пресвета Богородица од Лухан, недалеку од аргентинскиот главен град. Тоа богородично светилиште го посетуваше и папата Фрањо додека беше надбискуп на Буенос Аирес, а изминатите денови во едно писмо изрази желба Марија да го сврти својот поглед на него и на целиот Божји народ.

Ватикан Вести

Папата Фрањо се молеше за починатите жртви на пандемијата

На литургијата во домот на Света Марта на 5 мај 2020 година папата Фрањо посебно се спомна на починатите поради заразата со коронавирусот, без близината и вниманието на нивните семејства и без погреб. Во проповедтта говореше за однесувањата кои ни пречат да бидеме дел од Исусовите овци: ропство на богатство, крутост, клерикализам, мрзеливост, световност. Без слобода не можеме да одиме кон Исус.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Молитвата е крик кон Бог

Папата Фрањо на Генералната аудиенција во средата на 6 мај започна нова серија катехези за молитвата, и зборуваше за слепиот Вартимеј од Евангелието според Марко, истраен човек на кој Исус му рекол: „Оди си, верата твоја те спаси!”