Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

После пандемијата да појдеме со човечност која ги прегрнува срцата

На делегацијата од Ломбардија, во која беа претставниците на подрачјата најмногу погодени од коронавирусот, папата Фрањо искажа голема благодарност за промоторите на културата на близина и нежност, односно на лекарите, болничарите, медицинските техничари, како и најбројните свештеници, кои со својата пожртвуваност и креативност секогаш ба покрај болните и нивните семејства, па и по цена на сопствените животи.

Ватикан Вести

Папата Фрањо на Еквадор подари два респиратори

Во Еквадор следните денови се очекуваат два респиратори наменети за болниците кои работат на првата линија во борбата против ширењето на епидемијата.

Ватикан Вести

На Папскиот латерански универзитет нови магистерски студии по меѓуверската теологија

Меѓуверска теологија е новата специјализација која се воведува на Папскиот латерански универзитет од академската 2020/2021 година. Целта на тој нов формациски предлог е да се подржи екуменизмот, дијалогот и културата на средба.

Ватикан Вести

Папата додаде три нови повици во Лауретанските литанија

„Мајко на милосрдието“, „Мајко на надежта“, „Олеснување на мигрантите“ се трите нови повици кои папата Фрањо ги додаде во Лауретанските литанија во саботата на 20 јуни, а кои се поврзани со актуелната ситуација и нагласувањата на неговиот понтификат.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Да не се плашиме од оние кои сакаат да ја изгаснат силата на Евангелието

Не смееме да се плашиме од оние кои дрско и насилно се обидуваат да ја изгаснат силата на евангелието – рече папата Фрањо во говорот пред молитвата Ангел Господов на 21 јуни 2020 година. Имено ништо не можат против душата, односно против заедништвото со Бог. Тоа никој не може да им го одземе на учениците, затоа што е дар од Бога. Ученикот единствено треба да се плаши дека може да го изгуби тој дар, одбивајќи да живее во согласност со

Ватикан Вести

Бернице Албертине Кинг: Папата и мојот татко ги обединува еден сон

Во разговор за ватиканските медиуми Бернице Албертине Кинг, ќерка на Мартин Лутер Кинг, исто така активистка за човекови права, истакна дека зборовите на папата Фрањо за расизмот се во потполна согласност со ставовите на нејзиниот татко, баптистички пастор и гласовит борец за човекови права.

Ватикан Вести

После молитвата Ангел Господов: Да се обединиме во молитвата за заштита на секое човечко битие

По завршувањето на пладневната молитва Ангел Господов на 21 јуни 2020 година, Светиот Отец се осврна на вчерашниот Ден на бегалците и апелираше за оние кои се присилени да ги напуштат своите домови

Ватикан Вести

Во Ватикан е претставен документот „На патот до грижата за заедничкиот дом“

Во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 18 јуни 2020 година е одржана промоција на документот „На патот до грижата за заедничкиот дом“, кој по повод пет годишнината од енцикликата „Лаудато Си“ го состави Меѓудикастериската работна група на Светиот Престол за целосна екологија.

Ватикан Вести

Папата не планира оваа година да патува во странство

Светиот Престол соопшти вчера 18 јуни 2020 година дека папата Фрањо во 2020 година не планира патување надвор од Италија.

Ватикан Вести

Папата до рибарите и морнарите: Не сте заборавени!

Не сте заборавени – истакна папата Фрањо во видео пораката упатена до сите кои работата на море, како би обезбедиле на луѓето храна, а кои спаѓаат во категоријата луѓе кои поради пандемијата на коронавирусот долго мора да живеат на брод, не слегувајќи на копно. Станува збор за порака на утеха и охрабрување, внимание и близина.