Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата Фрањо се моли за жртви од тероризмот

Папата Фрањо по завршувањето на Генералната аудиенција во среда 4 ноември 2020 година, своите мисли и молитви ги упати на жртвите од терористичките напади кои оваа седмица го раскрвавија европското тло, опишувајќи ги како „жални дела кои имаат за цел да ја наруши братската соработка помеѓу религиите.“

Ватикан Вести

Папата упати телеграма со сочувство до виенскиот надбискуп, кардинал Шонборн

Светиот Отец упати телеграма со сочувство до виенскиот кардинал Кристоф Шонборн, која ја потпиша државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин – соопшти во вторник 3 ноември Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Исто така Папата на својот Твитер профил повика за прекин на насилства.

Ватикан Вести

Папата повика на молитва за жртвите од коронавирусот

Во пораката објавена на корисничкиот профил @Pontifex на Твитер папата Фрањо повика на молитва за жртвите од пандемијата Ковид – 19.

Ватикан Вести

Ватикан: Изјавите на Папата за истополовите бракови извадени од контекст

Во писмо испратено до амбасадорите Ватикан појаснува дека изјавите на папата Фрањо за истополовите бракови во неодамнешниот документарен филм се извадени од контекст и дека Црквата нема да ја промени својата наука во однос на истополовите бракови – пренесува агенција Ројтерс. 

Ватикан Вести

Папата ја предводеше светата Литургија на гробишта Кампо Санто Теутонико

На Задушница 2 ноември, папата Фрањо ја предводеше светата Литургија на германските гробишта Кампо Санто Теутонико во Ватикан.

Ватикан Вести

Папата упати апел за мир во Нагорно Карабах

По завршувањето на плодната на молитва Ангел Господов во недела 1 ноември 2020 година папата Фрањо упати апел за мир во Нагорно Карабах и повика на молитва за погодените од земјотресот на подрачјето на Егејското море.

Ватикан Вести

Ангел Господов: Светците се сведоци на христијанската надеж

На празникот на Сите светии, за време на неделната молитва Ангел Господов на 1 ноември 2020 година, папата Фрањо повика да размислуваме за сведоштвата на светците, што за нас е извор на надеж во воскресението и пример за одење по патот на блаженствата по кој сите можеме да одиме. на уникатен и единствен начин, со кроткоста што на денешниот свет му е премногу потребна. Говорот на папата Фрањо го пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Папата моли за жртвите на терористичкиот напад во Ница

Папата Фрањо најенергично го осуди терористичкиот напад во базиликата Нотр Дам во францускиот град Ница кој се случи на 29 октомври и воедно моли за трите невини жртви и нивните семејства. Покрај тоа ја повика целата земја на единство во овој тежок момент.

Ватикан Вести

Повторно откажани Генералните аудиенции со присуство на народ

Генералните аудиенции на папата Фрањо во среда со присуство на народ повторно се откажуваат, соопшти на 29 октомври 2020 година Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Ватикан Вести

На задушница папата Фрањо ќе служи света Литургија на германските гробишта во Рим

Папата Фрањо на Задушница 2 ноември 2020 година ќе ја предводи светата Литургија на германските гробишта во заводот Кампо Санто Теутонико во Рим.