Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

На плоштадот Свети Петар прославен празникот Цветници

Папата Фрањо во недела 24 март 2024 година го предводеше славењето на Страдалната недела, Цветници, на плоштадот Свети Петар, последната недела пред Велигден. Одбележувањето на свеченото влегување на Господ во Ерусалим претходеше на светата Литургија, каде евангелскиот дел зборува за Христовото страдање. На крајот од Литургијата, останувајќи пред базиликата, Светиот Отец ја упати молитвата Ангел Господов.

Ватикан Вести

Папата се моли за жртвите од „кукавичкиот терористички напад“ во Москва

Во недела 24 март 2024 година, за време на молитвата Ангел Господов – на самиот крај од Литургијата на Цветници, папата Фрањо ја изрази својата тага за тешкиот и трагичен напад во Русија, барајќи преобраќање на срцата на оние кои планираат, организираат и спроведуваат такви нечовечки дела кои го навредуваат Бога. Исто така, Светиот Отец рече дека се моли за оние кои страдаат поради војната во Украина и Газа, а ги спомена и двајцата убиени мировници во Колумбија.

Ватикан Вести

Папата Фрањо се сретна со претседателот на Малта Вела

Папата Фрањо во аудиенција го прими малтешкиот претседател Џорџ Вела, кој му подари на Папата шест компјутери за клиниката „Мајка на милосрдието“ која им служи на сиромашните на плоштадот Свети Петар.

Ватикан Вести

Папата Фрањо во аудиенција ги прими бискупите на Лацио

Автентичен синодален пат, близина со свештениците и народот Божји: истакна Папата обраќајќи им се на епископите од Лацио кои ги прими по повод нивната ad liminа посета. Средбата беше „многу отворена и ведра“, се разговараше за различни теми.

Ватикан Вести

Папата ги довери на свети Јосиф разурната Украина и Светата Земја

Папата Фрањо ја заврши Генералната аудиенција со охрабрување до верниците заедно со него страдањата на Украина и Светата Земја да ги доверат на Свети Јосиф и да се вложат максимални напори за да се дојде до мировни преговори.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Бог не нѐ сака само „свети“ туку „интелигентно свети“

Папата Фрањо ја посвети катехезата на Генералната аудиенција на 20 март 2024 година на крепоста разборитоста. Неговиот текст го прочита монс. Пјерлуиџи Жироли.

Ватикан Вести

Порака на Папата за Светскиот молитвен ден за звања: Сеење надеж

Во својата порака за Светскиот молитвен ден за звања, папата Фрањо им се обраќа на поединци и заедници, охрабрувајќи ги да „излезат од рамнодушност“ и да бидат „ходочесници на надежта“.

Ватикан Вести

Папата: Страсната седмица е благодатно време за отворање на нашите срца

Папата Фрањо во вторник 19 март 2024 година им се обрати на братствата во Мерида, шпански град познат по Постојките на Крстниот пат околу античките споменици од римско време. „Запомнете дека Страсната седмица е благодаттно време кое мора да биде посветено на молитва и на браќата во најголема потреба“, вели Папата. „Во Божјото присуство – потсетува Папата – ги чувствуваме другите наши браќа и сестри, наместо да ги замислуваме како непријатели и да се одвојуваме уште повеќе од нив“.

Ватикан Вести

Папата се сретна со бискупите од италијанскиот регион Умбрија

Папата ги прими умбриските бискупи во рамки на нивната ad liminа посета. Тоа беше спонтан, срдечен и братски разговор кој траеше околу два часа, при што секој бискуп зборуваше за состојбата во својата помесна Црква, истакнувајќи ги критичните прашања, но и успесите. Претседателот на Умбриската бискупска конференција, монсињор Бокардо по средбата истакна: „Се враќаме дома утешени од неговиот збор и неговата татковска близина.“

Проповеди

Порака на Светиот Отец Фрањо за Великиот пост 2024 година

Ви ја пренесуваме во целост Порака на папата Фрањо за Великиот пост, која оваа година за тема го носи насловот „Преку пустината Бог нè води до слобода