Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо е хоспитализиран поради респираторна инфекција
Папата Фрањо ќе биде хоспитализиран „неколку дена“ откако му e дијагностицирана респираторна инфекција, соопштено е од Ватикан во среда 29 март 2023.
Почина германскиот кардинал Карл-Јозеф Раубер
Карл-Јозеф Раубер, поранешен претседател на Папската црковна академија, нунциј во тешки места и општествени контексти почина на 26 март 2023 година, на 89-годишна возраст
Папата: Човечкото достоинство не може да се мери со алгоритам
Зборувајќи со стручњаци од светот на технологијата, службеници во Куријата, теолози и моралисти кои се среќаваат секоја година на иницијативата „Minerva Dialogues“, организирана од Дикастеријата за култура и образование, Папата препорача техничкиот напредок да биде резултат на етички и одговорни одлуки. Вредноста на една личност не може да зависи од низа податоци, кои често се собираат премолчувајќи ја вистината, бидејќи тие можат да бидат контаминирани со општествени предрасуди и однапред создадени мислења.
Видео порака на Папата до студентите од Католичка акција: Променете ја реалноста
Папата Фрањо им се обрати на младите од Италијанската католичка акција во кратка видео порака снимена во сабота на 25 март 2023 година, по повод аудиенцијата во Ватикан каде што го прими помошникот на националниот црковен асистент, монс. Џулиодори. Не заборавајте, советуваше, да негувате дијалог со бабите и дедовците
Папата повика на молитва за Украина: Само преобраќањето на срцата може да доведе до мир
Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов уште еднаш неговите мисли ги посвети на Украина, на таа напатена земја која живее во војна повеќе од една година. Тој потсети и на собирањето милостиња што денеска се одржува во сите италијански цркви за населението на Сирија и Турција погодени од земјотресот и изрази солидарност со американската држава Мисисипи, која беше опустошена од неколку торнада.
Папата: Да го оттргнеме каменот од гробовите на нашите проблеми и да се вратиме во живот
Осврнувајќи се на настанот од Евангелието на неделната Литургија, за воскресението на Лазар, папата Фрањо ги поттикна верниците никогаш да не престанат да се надеваат. Болестите, разочарувањата, предавствата и неуспесите нека не ни го блокираат патот кон светлината; со Исус кој секогаш не придружува, можеме да погледнеме подалеку од прагот без да дозволиме да бидеме заробени од болката и песимизмот
Папата: Заедништвото се создава со заедничко одење
Различните реалности и разноликоста во заедништвото се богатство на Црквата; средство за навестување на Евангелието помоќно од зборови. Ова папата Фрањо го истакна пред ходочасниците од Ро, кои ги прими во аудиенција на 25 март и ги потсети: „Парохијата е место каде што треба да се чувствуваме сакани, да го шириме кругот на односите, да бараме заеднички точки, а не причини за поделба.
Папата Фрањо до семејствата на полските рудари: Бог е со нас во темнината
Во Ватикан на 24 март 2023 година се одржа трогателна средба меѓу папата Фрањо и семејствата на рударите кои ги загубија животите во две несреќи што се случија во Пњовек и Зофиовка, Полска во април минатата година. Светиот Отец накратко ги поздрави присутните, а потоа ги благослови и рече: Во болка зборовите се бескорисни, дури и лутината може да стане молитва
Светски ден на мигрантите: Слободен избор помеѓу миграција и да се остане
За 109. Светски ден на мигрантите и бегалците, кој ќе се одржи на 24 септември 2023 година, папата Фрањо ја избра темата „Слободен избор помеѓу и да се остане“ – информира во вторник, 21 март 2023 година Дикастеријата за целосен човечки развој.
Папата во аудиенција го прими капетаните регенти на Република Сан Марино
Марија Луиза Берти и Мануел Чијавата, капетани регенти на Република Сан Марино, разговараа со Папата околу 30 минути. За време на разговорите во Државниот секретаријат се разговараше за конфликтот во Украина, односите со Европа и миграцијата.