Tag "Папа Фрањо"
Папата: Без строгост и предрасуди во случаите на ништовност
Папата Фрањо ги прими во аудиенција прелатите аудитори на судот на Римската Рота, на кои им во постапките за прогласување ништовност на бракот препорача расудување „на колена“: „Голема е одговорност што ви ја доверува Црквата, бидејќи тоа силно влијае на животите на поединци и семејства“. Папата потсети дека целта на реформата е да се промовираат брзи процедури, а не ништовност на бракот.
Пораката на Папата за Светскиот ден на медиумите: Вештачката интелигенција никогаш не може да ја замени мудроста на човечкото срце
Папата Фрањо испрати порака посветена на 58. Светскиот ден на социјалните комуникации, повикувајќи го човештвото да ја негува мудроста на срцето во ерата на вештачка интелигенција
Папата: Војната е одрекување од човештвото
На крајот од Генералната аудиенција на 24 јануари 2024 година, папата Фрањо потсети на Денот на сеќавањето на Холокаустот, 27 јануари, и повторно го осуди геноцидот врз Евреите. „Да не заборавиме дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда.“ Папата Фрањо продолжува да моли за мир на Блискиот Исток и во Украина, осудувајќи го бомбардирањето на цивилите: „Се молам за жртвите и нивните најблиски и ги молам оние кои имаат политичка одговорност да ги заштитат човечките
Генерална аудиенција: Скржавоста е болест на срцето
Скржавоста е болест на срцето, а не на паричникот, истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 24 јануари 2024 година, продолжувајќи го циклусот на катехези за маните и крепостите
Папата: Војните и кризите создаваат тешка клима, затоа упорно да молиме
Ви пренесуваме превод од предговорот на папата Фрањо од книгата „Молете се денес. Предизвик кој мора да се надмине“ од кардиналот Анџело Комастри, во издание на ватиканската издавачка куќа. Тоа е првиот том од серијата мали текстови што ќе бидат објавени во Годината на молитвата што ја најави Папата како подготовка за јубилејот. Текстот во целост го објави весникот „Avvenire“ на 23 јануари 2024 година.
Папата поттикна да се шири наследството на дон Лоренцо Милани
Папата Фрањо во понеделник 22 јануари 2024 година во Ватикан го прими Одборот за одбележување сто години од раѓањето на свештеникот од Барбијана, кој на последните и отфрлените им го врати достоинството, почитта, сопственоста на правата и државјанството, но пред се признавањето на Божјото синовство, кое нѐ вклучува сите нас“. Мотото „Се грижам“ (I Care), прецизира Папата, не е само „се грижам“, туку искрено „ми е грижа за вас“. Благодарен за капиларното ширење кое Националниот комитет за одбележување сто години
Папата Фрањо до младите: Христос е лозинката за радосен живот
Папата Фрањо испрати писмо до младите по повод новото издание на YOUCAT (Катехизам за млади) и ги повика да ја пронајдат тајната на радосниот живот во животот со Христос и за Христос
Папата до новинарите: Не кријте ја реалноста и нејзината беда и не создавајте непотребна врева
На 22 јануари 2024 година, папата Фрањо го прими Меѓународното здружение на новинари акредитирани во Светиот Престол и ги охрабри да ја комбинираат „префинетоста на духот“ со новинарската вештина со цел успешно да ги пренесат вестите за Папата и Светиот Престол.
Папата: Божјото Слово нека ги обнови животите со надеж и љубов
Папата Фрањо одржа проповед во базиликата Свети Петар во Ватикан за време на светата Литургија во Недела на Словото Божјо, која оваа година се одбележува на тема „Остани во моето Слово“
Ангел Господов: Покажете колку е убаво да се сака Господ
Во неделната молитва Ангел Господов, папата Фрањо истакна дека Исус нè охрабрува со својот живот и радост да сведочиме колку е убаво да се сака Исус, нагласувајќи дека навестувањето на Евангелието никогаш не е „загубено време“.