Tag "Папа Фрањо"
Папата разговараше телефонски со израелскиот претседател
Во центар на телефонскиот разговор помеѓу папата Фрањо и израелскиот претседател Реувен Ривлин, во понеделник 14 декември 2020 година, беа божиќните прослави дистрибуцијата на вакцината за коронавирус и проектот „Земја на манастири“ во долината Јордан.
Твитер порака на папата Фрањо
На 14 декември папата Фрањо објави Твитер порака поврзана со Адвентот.
Папата ја прими претседателката на Република Словачка
Папата Фрањо во понеделник 14 декември 2020 година во аудиенција ја прими претседателката на Република Словачка Зузана Чапутова, која потоа се сретна со секретарот за односи со државите, надбискупот Пол Ричард Галагер – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Ангел Господов: Колку е поблизок Бог до нас, толку сме порадосни
За време на молитвата Ангел Господов на 13 декември 2020 година папата Фрањо се осврна на ликот на свети Иван Крстител кој со радост го очекуваше доаѓањето на Месијата и никогаш не го сврте вниманието кон себе, туку секогаш луѓето ги упатуваше кон Христос. Обраќањето на папата Фрањо го пренесуваме во целост.
Папата ги благослови статуите со Малиот Исус
На третата недела од Адвент, 13 декември 2020 година, папата Фрањо традиционално ги благослови статуите на Малиот Исус донесени за благослов од претставници на децата и семејствата од римските парохии.
Папата ги прими учесниците на Божиќниот концерт во Ватикан
Светиот Отец во сабота 12 декември 2020 година ги прими во аудиенција промоторите, организаторите и изведувачите на Божиќниот концерт во Ватикан, промовиран од Конгрегацијата за католичко образование, чии приходи ќе бидат донирани на Папската фондација „Scholas Occurrentes“ и салезијанската фондација „Missioni don Bosco“ – објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Папата: Ватикан се обврзува до 2050 година емисијата на стакленичките гасови да ја сведе на нула
Во сабота 12 декември 2020 година папата Фрањо ги повика земјите во светот да работат на постигнување нулта стапка емисија на стакленички гасови и вети дека Ватикан, најмалата земја на светот, ќе ја постигне таа цел до 2050 година.
Папата се залага за враќање на христијаните- бегалци во Ирак и Сирија
Папата Фрањо во четврток 10 декември ја бранеше благосостојбата на „христијанското присуство“ во Сирија и во Ирак, повикувајќи ја меѓународната заедница да го поттикнува враќањето на населението кое побегна поради војната.
Папата: Да научиме од Свети Јосиф како понизно да ја вршиме волјата Божја
Папата Фрањо во среда 8 декември на Генералната аудиенција потсети на неговото Апостолско писмо „Patris corde“ посветено на Свети Јосиф, кое беше објавено ден претходно. Тој ги повика верниците во исчекувањето на Спасителот повеликодушно да одговорат на барањата на христијанскиот повик.
Папата го именува Словенецот фра Кметец за надбискуп на Измир
На празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, 8 декември 2020 година, Светиот Отец го именува фра Мартин Кметец, ОФМ конвентуалец за надбискуп и митрополит на Измир (Смирна) во Турција, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.