Tag "Папа Фрањо"
Монсињор Филипо Чампанели е новиот секретар на Дикастеријата за Источните цркви
Од 2009 година, во ватиканската дипломатија, извршувал служба во нунцијатурите во Грузија, Ерменија, Азербејџан и Белорусија. Моментално ја извршуваше функцијата советник за нунцијатурите во Секторот за општи работи на Државниот секретаријат. Додека Папата во последните месеци се соочуваше со грипот, му ги доверуваше неговите говори да ги чита.
Папата Фрањо до децата: Ве чекам во Рим, да молиме за оние кои страдаат поради војните
Во своето пладневно обраќање на 14 април 2024, по молитвата Царице небесна, Папата уште еднаш упати покана за учество на првиот Светски ден на детето, кој ќе се одржи на 25 и 26 мај: „Ни треба вашата радост и желба за подобар свет.“ Папата ги спомна нивните врсници кои ги плаќаат последиците од конфликтите во Украина, Светата Земја, Мјанмар и други места во светот.
Папата Фрањо: Во свет на оружје и малку родени деца, да работиме за достоинството на животот
Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Италијанското католичко движење на возрасни извидници по повод 70-годишнината од неговото основање и се осврна на демографската зима, на ангажирањето во градењето на праведно и мирнољубиво општество и на зачувувањето на животната средина: Заробеници сме на животни стилови и однесувања толку себично глуви на секој повик на здрав разум, многу е трагично самоуништувачки; ни треба „едноставен, скромен полн со почит стил“ како што е извидничкиот.
Папата: Нека запре секоја акција што може да ја поттикне спиралата на насилство на Блискиот Исток
По пладневната молитва Царице небесна, во недела 14 април 2024 година, папата Фрањо ја изрази својата тага и загриженост поради нападот на Иран врз Израел и повика да се запре сето она што може да го доведе Блискиот Исток до поголем воен конфликт. Тој повторно го истакна решението за две држави: „Сите народи нека застанат на страната на мирот и нека им помогнат на Израелците и Палестинците да живеат во две држави, безбедно. Тоа е нивна желба и нивно право“.
Царице небесна: Да ја споделиме најубавата вест, онаа за средбата со Исус
Во неделно обраќање, на 14 април 2024 година, папата Фрањо ги охрабри верниците да размислуваат за важноста својата вера да ја споделат со другите, но и за оние реалности кои го допираат човечкиот живот во добро или лошо и можат да бидат корисни.
Папата: Ја запоставивме молитвата обожавање, треба да ја оживееме
На 12 април 2024 година папата Фрањо ги прими членовите на американската добротворна организација „Папска фондација“ (Papal Foundation), која поддржува различни образовни, добротворни и апостолски проекти на Црквата и доделува стипендии на лаици, свештеници и верници за студирање во Рим. Нејзините програми, истакна Папата благодарение на таа организација, промовираат духовна и братска врска со луѓе од бројни култури, јазици и региони кои ја добиваат помошта.
Во фокусот на молитвена накана на папата Фрањо за април 2024 е достоинството на жените (ВИДЕО)
Да се препознае достоинството на жените и нивното богатство во секоја култура и да се запре дискриминацијата на која тие се жртви во различни делови на светот. Така гласи молитвената накана на Папата за април 2024 година објавена преку Папската светска молитвена мрежа. Светиот Отец ги охрабрува сите луѓе да ги почитуваат жените, а владите да работат на вистинското признавање на нивните права и истакнува: Ако не ги почитуваме жените, нашето општество нема да напредува.
Папата: Со сочувството и влученост треба да им се пристапи на оние кои страдаат
Папата Фрањо ги прими учесниците на пленарната седница на Папската библиска комисија и во својот говор се осврна на темата на седницата „Болестите и страдањата во Библијата“: болката и слабоста треба да се допираат со рака, не теоретски, туку како Исус, кој не ги „објаснува“ туку се наведнува кон оние што се засегнати од нив.
Папата: Неопходно е да се развива „култура на инклузија“
Папата Фрањо ги прими учесниците на пленарната седница на Папската академија за општествени науки и истакна дека е неопходно да се развие „култура на инклузија“ за да можат оние кои се на маргините да бидат полноправни учесници во општеството.
Папата: Силата нè принудува да реагираме и да кажеме решително „не“ на секое зло
Зборувајќи за „најборбената“ крепост – за силата – на Генералната аудиенција во среда 10 април 2024 година, папата Фрањо истакна дека таа обезбедува цврстина и постојаност во потрагата по добро во тешкотиите. Силата нѐ опремува да го победиме стравот, па дури и смртта, и да се соочиме со искушенија и прогонства.