Tag "Папа Фрањо"
Апел на Папата на Генералната аудиенција: Да молиме за конечен мир
На крајот од Генералната аудиенција во среда 15 мај 2024 година папата Фрањо уште еднаш апелираше за прекин на војната во „измачената Украина“ и за прекин на непријателствата меѓу Израел и Палестина и во Мјанмар. Тој ја поттикна меѓународната заедница веднаш да пружи помош и неопходна поддршка за заштита на најзагрозените во Авганистан, каде во последните денови, поради дождовите и поплавите, се изгубени многу човечки животи, а забележани се и големи штети.
Генерална аудиенција: Христијанската љубов го опфаќа она што не е сакано, нуди простување
Љубовта е врв на катехезите за крепостите, истакна папата Фрањо на Генералната аудиенција на 15 мај 2024 година, говорејќи за оваа трета богословска крепост.
Почетокот и завршеток на Светата 2025 година во Универзалната и Партикуларната Црква
Во булата за прогласувањето на Јубилејната или Светата 2025 година, „Spes non confundit“ („Надежта не разочарува“), папата Фрањо утврди дека јубилејот 2025 ќе трае од крајот на декември 2024 година до почетокот на јануари 2026 година.
Папата Фрањо: Никој да не биде исклучен од изворот на знаење
Папата прими во аудиенција околу 200 наставници и студенти од Ватиканската школа за палеографија, дипломатија и архивистика, како и Ватиканската школа за библиотекарство и ги поттикна да го заштитат сè од она што е отровно, нездраво и насилно и може да се вгнезди во светот на социјалните медиуми и технолошкото знаење Со зборовите кои евангелистот Лука ги пишува во прологот на своето евангелие, зборувајќи за луѓето кои одлучуваат внимателно да истражуваат, во сите околности, за да стигнат до вистината, папата
Потребна е мудрост на срцето за повторно откривање на човечката комуникација
Поздравувајќи ги верниците по молитвата Царице небесна на 12 мај 2024 година, Папата го спомена Светскиот ден на социјалната комуникација, кој е посветен на вештачката интелигенција. Потоа им упати најубави желби на мајките по повод празнувањето на Денот на мајките, споменувајќи ги со благодарност и оние кои заминале во небо.
Царице небесна: Откажете се од злобата и подлоста за да ја достигнете целта на вечниот живот
„Денес во Италија и во други земји се слави празникот Вознесение Господово. Во Евангелието на светата Литургија се вели дека Исус, откако ќе им довери на апостолите да го продолжат неговото дело и дека „се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога“, рече папата Фрањо на 7. Воскресна недела во обраќањето пред молитвата „Царице небесна“.
Светиот Престол е подготвен да ги поддржи сите напори за размена на затвореници
Во поздравите по молитвата Царице небесна, во недела 12 мај 2024 година папата Фрањо упати уште еден апел да се оствари, исто така со помош на Ватикан, ослободување на затворениците од двете страни во конфликтот меѓу Киев и Москва. Тој повторно охрабри на молитва за мир во Украина, Палестина, Израел и Мјанмар
Папата Фрањо на конгресот за наталитетот: Бројот на родени е првиот показател за надежта на една нација
Во свет каде што оружјето и контрацептивните средства се „инвестиции кои донесуваат најголем приход“ и во општество каде мајките се принудени да избираат помеѓу работата и децата, итно се потребни „ефективни политики, храбри, конкретни и долгорочни избори“, како и „поголема посветеност на сите влади“ во корист на семејството, истакна папата Фрањо на Четвртиот конгрес за наталитетот.
Сонот на Папата за Јубилејот: Да замолчи оружјето, да се укине смртната казна и да се простат долговите на сиромашните
На празникот Вознесение, папата Фрањо го предводеше примопредавањето и читањето на Булата за прогласување на Светата 2025 година со наслов „Spes non confundit“ (Надежта не разочарува).
Објавени се мотото и логото за патувањето на Папата во Азија и Океанија
Папата Фрањо од 2 до 13 септември 2024 година ќе престојува во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур. Верата, надежта, братството и молитвата се темите во центарот на патувањето