Светилиштето на Божјата милост кај езерото Себу исто така претрпе штети. Се молиме за сите погодени од земјотресот, повикувајќи се особено на застапништвото на филипинските светци.
Силен земјотрес го погоди јужниот филипински остров Минданао утрово, 8 јуни 2026 година по локално време. Земјотресот, со јачина од 7,8 степени, имал епицентар во близина на брегот кај градот Генерал Сантос, а во првичните извештаи се споменуваат речиси дваесет жртви.
Земјотресот предизвика и предупредувања за цунами низ регионот.
Едно од местата што претрпе штета е Светилиштето на Божјата милост кај езерото Себу. Објави на филипинските епископи на социјалната мрежа X покажаа дека се урнала голема надворешна статуа во рамките на светилиштето.
Овој дел од Филипините се наоѓа во еден од најсеизмички активните региони во земјата. Целиот овој дел од светот е подложен на земјотреси, бидејќи се наоѓа на геолошки нестабилни плочи.
Во овие тешки моменти, верниците се повикани на молитва за загинатите, повредените, нивните семејства и сите заедници погодени од земјотресот.
Алетеја/к.мк

