Светот може да се менува и за да се промени не се потребни големи дела или стратешки потфати рече заменикот за општи работи на ватиканскиот Државен секретаријат надбискупот Анџело Бекиу и на тој начин го најави добротворниот меѓународен проект #OrdinaryHeroes.
Светот може да се менува и за да се промени не се потребни големи дела или стратешки потфати. Пред сè потребна е едноставноста која се наоѓа во малите гестови и потфатите кои секој може да ги направи во својот секојдневен живот – рече заменикот за општи работи на ватиканскиот Државен секретаријат надбискупот Анџело Бекиу и на тој начин го најави добротворниот меѓународен проект #OrdinaryHeroes во организација на Секретаријатот за комуникација на Светиот Престол, а кој беше претставен на прес-конефереција во ватиканската Филмотека, на 8 февруари 2018 година.
Проектот е порака која во ова наше време би можела да се покаже како нешто невообичаено и речиси револционерно. А секој ден, всушност луѓето се борат со голем број задачи, живеат во брзина и се склони да го жртвуваат вниманието кон другите – рече надбискупот Беци и нагласи – доволно е малку за да се придвижи тркалото. За тоа да се оствари, корисни се средствата за комуникација и новите социјални мрежи во таа мера – како што папата Фрањо истакнува во пораката за 52 Светски ден на социјалната комуникација –во која се користат за промовирањето на новинарство на мирот. Исто така е корисно да се вклучат познати личности кои – продолжи монс. Бекиу – можат да ја искористат популарноста за на својата публика да и дадат позитивен и конкретен пример.
Меѓу нив е и поранешниот фудбалер Франческо Тоти кој ужива голема почит и љубов кај своите навивачи и кој секогаш покажувал чувствителност кон добротворните потфати. На конференцијата за новинарите беше и Мауро Палота, викан МауПал, автор на познатите слики на ѕидовите на зградите кои го прикажуваат папата Фрањо, а кои се појавија последните години на улицата Борго Пио во Рим, во близина на плоштадот Свети Петар. Неговото присуство ја потврдува врската со тоа искуство засновано на сликата на папата Фрањо. #OrdinaryHeroes – заврши надбискупот Бекиу– заедно со Петорвата пара се става во служба на каритативните дела на Папата.
РВ/к.мк