Прв пат во историјата на светилиштето во Лурд, на 16 јули на годишнината од последното богородично објавување на Бернардица, станува место на виртуелно ходочастие на милиони луѓе поврзани преку интернет. Во 15 непрекинати часа се предвидени славења, процесии, Свети Бројаници и молитви на 10 јазици. Протагонисти се радија, социјалните мрежи и телевизии. Ова е настан без преседан, знак на надеж и заедништво, истакнува ректорот монс. Оливер Рибадеу Думас.
Светилиштето во Лурд денес има состанок со светот без преседан. На денот кога во тоа светилиште во Франција се спомнува годишнината од осумнаесетото и последно објавување на Дева Марија, милиони верници на сите континенти се поврзани преку телевизија, радио и социјалните мрежи, на првото глобално и виртуелно ходочастие во неговата историја, пророчки наречено ‘Lourdes United’.
Петнаесет часа непрекинат пренос од 7 наутро до 22 часот навечер при што се разменуваа славења, процесии, молитва Света Бројаница и други молитви на десет различни јазици, предводени од свештеници и волонтери во светилиштето. Освен тоа попладнето е исто така посебно. Имено во пештерата на објава истакнати личности, монахињи и лаици ќе зборуваа за важноста која Лурд ја донесе во нивните животи. Тие моменти на размислувања беа анимирано со музика и сведоштва за братство и солидарност.
Треба да се истакне и еден посебен факт. И покрај тоа што светилиштето беше затворено за верниците и поклониците во текот на најтешкиот период на пандемијата, молитвата не престана. Кога на 17 март морав да го затворам светилиштето, започнавме со непрекината молитва од утро до вечер – истакнува ректорот на светилиштето Думас. Во пештерата на објавувањето имаше само еден свештеник, но беше многу убаво. Знаевме дека преку социјалните мрежи и телевизии многу луѓе молат со нас. Светилиштето беше празно, но никогаш не се почувствуваме сами. Во времето кога светилиштето беше затворено примивме повеќе од 130.000 молитвени накани од сите страни на светот – истакнува ректорот на светилиштето во Лурд. И денес целиот свет се зближува со светилиштето во Лурд, и овој пат само виртуелно.
Ватикан њуз/к.мк