Kардинал Паролин во посета на Данска

Kардинал Паролин во посета на Данска

Папата Лав XIV во вторник 20 јануари 2026 година го именува Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин за специјален пратеник за црковната прослава во Копенхаген, која ќе се одржи на 25 јануари. Поводот е 1200-годишнината од почетокот на мисијата на Свети Ансгар во Данска.

Во писмото за именување, објавено на латински јазик, Папата го нагласува приоритетот на христијанската љубов кон ближниот, од која бил вдахновен и бенедиктинскиот монах и скандинавски мисионер Ансгар. На прославата во католичката катедрала Свети Ансгар во Копенхаген, Паролин ќе се сретне со свештенството, членовите на монашките заедници и верниците, но и со политичките претставници.

Се очекува главниот ватикански дипломат да го искористи престојот во Данска за разговори поврзани со геополитичката криза околу Гренланд.

Ранохристијанскиот мисионер Ансгар е исто така популарен светец во северна Германија. Таму, двете големи цркви планираат да го одбележат неговиот живот и дело со заедничка годишнина. Програмата, вклучува богослужби, ходочестија, предавања и екуменски собири, а носи наслов „Ансгар 2026 –храброст да се надминат границите“.

Ансгар, кој се смета за апостол на Северот, е роден околу 801 година во денешна северна Франција и делувал како бенедиктински мисионер во Данска и Шведска. Во 831 година, бил именуван за прв надбискуп на Хамбург, а подоцна ја водел Бременската надбискупија. Починал во Бремен во 865 година и е почитуван како светец во Католичката црква.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот