Амазонскиот свет бара од Црквата да биде негова сојузничка за полниот живот кој Исус го донесе на светот да може да дојде до светот, а посебно до сиромашните – тоа е содржината на подготвителниот документ „Instrumentum laboris“ за Епископската синода посветена на Амазонија.
Тој работен документ кој на 17 јуни го објави и на новинарите им го претстави главниот секретаријат на Епископската синода е резулатат на процесот започнат со патувањето на папата Фрањо во Перу, во Пуерто Малдонадо, во јануари 2018 година, продолжува преку советувањето во текот на целата година со Божјиот народ на целото подрачје на Амазонија и завршува со вториот состанок на предсинодалниот совет одржан во мај ова година. Територијата на Амазонија се наоѓа во центарот на Јужна Америка опфаќа делови на Бразил, Боливија, Перу, Еквадор, Колумбија, Венецуела, Гвајана, Сурин и Француска Гвајана. Амазонските шуми покриваат 5 милиони квадратни километри, а тоа е 40% од вкупната површина на тропските шуми.
Првиот дел од документот е насловен „Гласот на Амазонија“ ја претставува реалноста на територијата и неговите народи. На животот во Амазонија му се заканува унишување и искористување на животната средина и системско кршење на основните човекови права на амазонското население, а посебно правата на автохтоните народи, како што е правото на територија, на самоопределување, на разграничување на териториите, на консултации и претходна согласност.
Според мислењето на заедниците кои учествуваа во подготовката на синодата заканата на животот во Амазонија произлегува од еконосмките и политичките интереси на доминантните сектори во денешното општество, а посебно екстрактивните компании. Во овој момент климатските промени и се посилното човечко делување односно обесшумување, пожарите и промените во искористувањето на тлото, ја водат Амазонија до точка од која нема враќање.
Во вториот дел од документот се размислува и се даваат предлози за прашањата кои се однесуваат на интегралната екологија. Денес Амазонија е ранета и деформирана убавина, место на болка и насилство како што елоквентно се истакнува во извештаите на локалните Цркви кои ги прими главниот секретаријат на Епископската синода. Се шири насилство, хаос и корупција. Територијата стана простор за конфликти и целосно уништување на народи, култури и генерации – се напоменува во извештаите. Има такви кои се принудени да ја напуштаат сопствената земја, а потоа често паѓаат во мрежите на мафиите, трговијата со дрога и луѓе (посебно жените) и стануваат жртви на принудна работа и малолетничка проституција.
Домородните амазонски народи можат многу да нѐ научат. Гледаме дека повеќе од илјада години се грижеле за својата земја, за водата и шумата и успеале да ги сочуваат сѐ до денес за целото човештво да може да ужива во радоста на бесплатните дарови на Божјото создавање. Новите патишта за евангелизација треба да бидат градени во дијалог со тие наследени мудрости во кои се покажува семето на Словото. Во таа смисла синодата за Амазонија станува знак на надеж за амазнскиот народ и за целото човештво – се истакнува во документот.
Работниот документ исто така ја анализира состојбата на домородните народи кои живеат во доброволна изолација. Според податоците на специјализираните црковни институции на територијата на Амазонија живеат помеѓу 110 и 130 различни „слободни народи“ кои живеат на работ на општеството или во повремен контакт со него, а кои посебно се ранливи во однос на опасностите кои доаѓаат на пример од трговијата со дрога или големите инфраструктурни проекти.
Последниот дел од работниот документ ги повикува синодските оци од Амазонија на расправа за новите патишта на Црквата на тоа подрачје. На локалните Цркви потребна им е Црква која учествува, која е присутна во општествениот, политичкиот, економскиот, културниот и еколошкиот живот на своето население; потребна им е Црква која ја прифаќа културалната, општествената и еколошката разноликост за да може без дискриминација да им служи на поединците и на групите; потребна е креативна Црква која може заедно со народот да го следи обликувањето на новите одговори на итните потреби; потребна е хармонична Црква која ги промовира вредностите на мирот, милосрдието и заедништвото.
Заради недостатокот на свештеници тамошните заедници имаат тешкотии за често славење на Евхаристијата, а Црквата живее од Евхаристијата и Евхаристијата ја гради Црквата – истакнато е во документот. Затоа се предлага повторно да се размислува за некои од мерките за избор и подготовка на служителите овластени за славење на Евхаристијата. Заедниците бараат поголемо вреднување, придружба и промовирање на побожностите со кои сиромашниот и едноставен народ ја изразува својата вера преку слики, симболи, традиција, обреди и други свети Тајни. Станува збор за манифестирање на мудрости и духовности кои прават вистинско теолошко место со големи евангелизаторски можности.
Во документот меѓу останатото потребно е да се промовираат автохтоните звања на мажите и жените како одговор на потребите на светотаинската пасторална грижа. Нивниот важен придонес во поттикот за вистинска евангелизација со домородни ставови во согласност со нивните обичаи. Станува збор за тоа домородецот да проповеда на домородниот народ со големо познавање на нивната култура и јазикот, способен да ја пренесе пораката на Евангелието со силата и делотворноста на оној кој го поседува истото културно богатство.
Да се биде Црква во Амазонија на реален начин значи дека треба да се постави и прашањето на моќта затоа што на тоа подрачје нема можност да се избориш за своите права во однос на големите економски компании и политички институции. Да се стави во прашање моќта во заштитата на територијата и човековите права денес значи да се стави во опасност сопствениот живот, отворајќи го патот на крстот и мачеништвото – се напоменува во документот. Загрижувачки е бројот на мачениците во Амазонија. На пример само во Бразил помеѓу 2003 и 2017 година се убиени повеќе од 1100 домородци затоа што ја штителе својата територија. Црквата не може да остане рамнодушна на сето тоа; напротив треба да ја поддржи заштитата на оние кои ги бранат човековите права и да ги спомнува своите маченици.
Ватикан њуз/к.мк