II Денови на Света Мајка Тереза: Акција – Љубов на дело

II Денови на Света Мајка Тереза: Акција – Љубов на дело

Во рамките на II Денови на Света Мајка Тереза ќе се спроведе иницијативата „Акција – Љубов на дело“ –  да ги побараме околу нас оние кои имаат потреба од нашата љубов и милосрдие

На 3 септември 2017 поттикнати од делата на љубов и милосрдие на света Мајка Тереза, а по иницијатива на младите од нејзината родна парохија во Скопје и во рамки на „Деновите на Света Мајка Тереза“ младите повикуваат посебно на тој ден да се живее љубовта на дело. Да се излезе во пресрет на оние кои имаат потреба од неа и тоа конкретно, посетувајќи ги оние кои се осамени, напуштени и гладни. Да им дарува дел од своето време, материјална помош секој според своите можности и да се отвори срце кое е создадено да љуби. По тој повод ги повикуваат сите да се вклучат во оваа акција, која не познава никакви граници, да се напраи некое добро дело, дарувајќи се себеси. Сите не можеме да правиме големи работи, но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов!

Посебна радост причинува ако на тој ден во овој духовен ланец на заедништво се вклучат поголем број граѓани, со што ќе се направи поубаво лицето на земјата.

Преку Фејсбук страната на Католичкото радио „Радио Марија Македонија“ е отворен Фејсбук настан со наслов „Љубов на дело“и на тој начин е овоможено споделување на искуствата од средбата преку фотографија и збор.

Овој повик младите ќе го испратат и до Претседателот и Премиерот на Република Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот