Како и секоја година, делегација на Вселенската патријаршија од Константинопол го посети Рим од 27 јуни до 1 јули, по повод празникот на светите Петар и Павле, заштитници на градот.
Делегација на Вселенската патријаршија од Константинопол престојуваше во Рим од 27 јуни до 1 јули 2026 година, се наведува во соопштението на Дикастеријата за промовирање на христијанското единство, објавено на 1 јули.
Посетата е дел од годишната традиција според која делегации на двете Цркви меѓусебно се посетуваат по повод празниците на своите светци заштитници. Во Рим, посетата се одржува за празникот на светите Петар и Павле, на 29 јуни, а во Истанбул за празникот на свети Андреј, на 30 ноември.
Делегацијата ја предводеше митрополитот Халкидонски Емануил, претседател на Синодалната комисија на Вселенската патријаршија за односи со Католичката црква. Со него беа отец Аетиј и патријаршискиот ѓакон Анатолиј.
Во понеделник, на 29 јуни, делегацијата на Патријаршијата присуствуваше на евхаристиското славење што го предводеше папата Лав XIV.
Следниот ден, во вторник, на 30 јуни, делегацијата беше примена на аудиенција кај Папата, а потоа се сретна со претставници на Дикастеријата за промовирање на единство меѓу христијаните.
Ватикан њуз/к.мк

