Дваесет и први ден: Душа што принесува задоволштина на Пресветото Срце
Божественото Срце, натоварено со навреди, во текот на овој ден очекува од тебе задоволштина принесена од љубов.
Затоа, доаѓај често во духот пред својот добар Учител и, гледајќи Го тажен и оставен, прашај Го која е причината за Неговата тага. Тој ќе ти каже дека причината е неизмерната неблагодарност на луѓето, особено на оние кои, иако Му се посветени Нему, остануваат со поделено срце поради љубовта кон создадените работи.
Нека твоето целосно принесување на Исус биде Нему за задоволштина и утеха. Моли Го Тој да биде твоето сè, а моли се и прави покора за грешниците.
Но, пред сè, љуби, зашто раните на љубовта можат да се излекуваат само со љубов.
Кажувај Му често на Исус, со најголема нежност:
Во секој миг од денот, о мој Спасителу, сакам со својата жарка љубов да го утешувам Твоето Срце!
Кармел-бси/к.мк

