Германската фудбалска репрезентација во недела 15 јуни 2026 јуни ја прослави убедливата победа од 7:1 против Курасао, но натпреварот заврши со заедничка молитва од играчи на двата тима.
По натпреварот, во централниот круг на стадионот „НРГ“ во Хјустон, неколку фудбалери од Германија и Курасао се собраа за кратка заедничка молитва. Германските репрезентативци Феликс Нмеча и Џонатан Тах застанаа во круг со петмина играчи на Курасао, се прегрнаа и ги наведнаа главите.
„На теренот сме противници. По натпреварот, сите сме христијани и браќа. Едноставно се помоливме заедно со кратка молитва, бидејќи сите сме многу благодарни“, објасни Нмеча подоцна во интервју за АРД.
„Веруваме дека Исус се прославува преку натпреварот“
„Резултатот, секако, е одличен за нас“, рече Нмеча, изразувајќи задоволство од победата. „Но, генерално, веруваме дека Исус се прославува преку натпреварот. Затоа се собравме и се помоливме.“
Уште пред натпреварот, играчот од средниот ред слезе од тимскиот автобус во Хјустон носејќи Библија. Нмеча е еден од фудбалерите кои невообичаено отворено зборуваат за својата христијанска вера. По победата, тој објави фотографии на Инстаграм со натпис: „Ти благодарам, Исусе.“
Катпрес/к.мк

