Кардинал Паролин во посета на Кувајт

Кардинал Паролин во посета на Кувајт

Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пјетро Паролин, во посета на Кувајт на 15 и 16 јануари

Според програмата објавена на X платформата на профилот на Државниот секретаријат @TerzaLoggia, во четврток, 15 јануари 2026 година, по куртоазните посети на локалните граѓански власти, кардиналот ќе ја посети Големата џамија и Музејот на исламски антиквитети (Dar al Athar al Islamiyyah). Потоа ќе се сретне со свештенството и верниците во ко-катедралата на Светото семејство.

Програмата вклучува и две свети Литургии: првата, исто така во четврток, во Ко-катедралата на Светото Семејство, по повод 65-годишнината од нејзиното осветување.

Втората ќе ја служи во петок, 16 јануари, во малата базилика на Пресвета Богородица од Арабија во Ахмадија, по повод нејзиното воздигнување во мала базилика на Апостолскиот викаријат на Северна Арабија, кој, покрај Кувајт, ги вклучува и Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот