Мозаик со портрет на папата Лав XIV за базиликата „Свети Павле“ надвор од ѕидините е готов
На 14 јануари 2026 година, на папата Лав XIV му беше врачен неговиот официјален портрет изработен во мозаик, кој ќе биде поставен во базиликата „Свети Павле“ надвор од ѕидините во Рим.
Големиот портрет во мозаик, изведен на златна позадина, се состои од 15.000 парчиња. Неговиот дијаметар е скоро два метра. Медалјонот ќе го заземе своето место во посебната галерија што сведочи за континуитетот на службата на наследниците на Свети Петар.
Портретот му беше предаден на Светиот Отец во присуство на кардиналот Џејмс Харви, надбискуп на базиликата „Свети Павле“ надвор од ѕидините; кардиналот Мауро Гамбети, надбискуп на базиликата „Свети Петар“ и Папски викар за државата Ватикан; и отец Донато Аљари, претпоставен на бенедиктинската опатија „Свети Павле“.
Мозаикот со портретот на Папата е со ликот на 267. Папа и ќе биде поставен во мермерна декоративна рамка во десниот брод на базиликата, веднаш до портретот на неговиот претходник, Фрањо. Според традицијата, портретот на сегашниот Папа ќе има посебно осветлување. Над него, неговото име ќе биде напишано на латински.
Ватикан њуз/к.мк

