На покана на Ректорката, проф. д-р Венера Крлиу, на 14 јануари 2026 година, монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх, го посети Универзитетот „Американ Колеџ Скопје“ во Скопје.
Посетата помина во пријатна атмосфера и конструктивен дијалог на која бискупот беше запознат со развојот и напредокот на Универзитетот низ годините. Бискупот изрази благодарност и им посака Божји благослов и понатамошни успеси.
Универзитетот Американ Колеџ Скопје е приватен универзитет основан во 2005 година. Седиштето е во Скопје. Просториите на УАКС опфаќаат 4.000 м2. Универзитетот се состои од повеќе факултети меѓу кои: Факултет за бизнис администрација, политички науки, правни науки, компјутерски науки и информатичка технологија, архитектура и дизајн, Факултет за странски јазици.
к.мк

