Првиот Божиќ на папата Лав XIV

Првиот Божиќ на папата Лав XIV

Седум месеци по почетокот на неговиот понтификат, папата Лав XIV се подготвува за прв пат да ги предводи божиќните славења, почнувајќи со полноќната света Литургија, вечерта на 24 декември во базиликата „Свети Петар“.

„Божиќ Господов е Божиќ на мирот.“ Со овој цитат, папата Лав уште еднаш потсетува на една од централните теми од неговото учење во традиционалната честитка подготвена од Префектурата на Папскиот дом, со која ги упатува своите први божиќни честитки.

Избраниот цитат е од Проповед 26 од Свети Лав Велики, првиот папа што го носел името Лав. На слликата на корицата што ја придружува картичкатае  репродуциран мозаик создаден од италијанскиот уметник Алберто Салиети (1892–1961) за папската соба во 1955 година.

Во вторник, 23 декември, одговарајќи на прашањата на новинарите пред Вила Барберини во Кастел Гандолфо, папата Лав ги замоли луѓето со добра волја „барем на празникот на раѓањето на Спасителот, да се почитува еден ден на мир“. Зборува за истиот „невооружен и разоружувачки“ мир на кој повика кога првпат се појави во Централната ложа на базиликата „Свети Петар“ на 8 мај, кратко откако беше избран за папа.

Божиќните прослави

Папата се подготвува да ги предводи божиќните славења, почнувајќи со полноќната света Литургија за празникот Раѓање Христово – Божик на 24 декември во 22:00 часот во базиликата „Свети Петар“. Десет деца од Јужна Кореја, Индија, Мозамбик, Парагвај, Полска и Украина ќе носат цвеќе и ќе го придружуваат Папата во процесијата до Божиќната пештера во базиликата.

Потоа, следниот ден, на 25 декември, повторно во Ватиканската базилика, папата Лав ќе служи света Литургија во 10:00 часот наутро. Папата повторно ја воведе божиќната света Литургија, која неговите претходници, папата Фрањо и папата Бенедикт XIV, никогаш не ја служеа. Последен пат тоа го направи папата Свети Иван Павле II на 25 декември 1994 година.

Исто така, на 25 декември, Папата ќе го моли традиционалниот благослов „Урби и орби “ од централната ложа на базиликата Свети Петар.

Потоа, на 26 декември, на празникот на Свети Стефан, првиот маченик на Црквата, папата Лав ќе моли Ангел Господов на плоштадот Свети Петар, а исто така и во недела, на 28 декември.

Во среда, 31 декември, последниот ден од годината, Папата ќе одржи геенрална аудиенција. Последен пат Генерална аудиенција се одржа на новогодишната ноќ пред 50 години во 1975 година, а ја одржа Папата Свети Павле VI.

Истиот ден подоцна попладне во 17:00 часот, папата Лав XIV ќе ја редводи со Првата вечерна богослужба и Te Deum во знак на благодарност за изминатата година.

Јануарските настани и крајот на јубилејот

На првиот ден од 2026 година, на празникот на Пресвета Богородица, Папата ќе служи света Литургија во 10:00 часот во базиликата „Свети Петар“ по повод 59-от Светски ден на мирот. Напладне ќе моли Ангел Господов, како и во недела, 4 јануари.

Потоа, во вторник, 6 јануари, на свеченоста Богојавление Господово, папата Лав ќе ја предводи светата Литургија во 9:30 часот наутро, по што ќе следи затворање на Светата врата на базиликата „Свети Петар“, со што ќе се означи крајот на јубилејот во 2025 година.

На крајот, во недела, 11 јануари, на празникот Крштевање Господово, Папата ќе служи света Литургија во Систинската капела и ќе крсти неколку деца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот