На празникот Безгрешно зачнување Папата ќе ѝ оддаде почит на Пресвета Богородица

На празникот Безгрешно зачнување Папата ќе ѝ оддаде почит на Пресвета Богородица

Папата Лав XIV ќе се упати на плоштадот Мињанели во понеделник, 8 декември, во 16:00 часот за да се помоли пред столбот на кој се наоѓа бронзената статуа на Пресвета Богородица.

Традицијата и побожноста се испреплетени во чест на Пресвета Дева Марија по повод празникот на нејзиното безгрешно зачнување, кој ќе се прослави во понеделник, 8 декември. Заедно со многу придружни настани, верниците ќе имаат можност да се молат и да остават цвеќе пред статуата на Пресвета Богородица на Пјаца Мињанели во Рим на тој ден, а папата Лав XIV исто така ќе го прослави празникот со традиционален чин на побожност пред статуата на Безгрешната. Да се потсетиме дека минатата година, на 8 декември 2024 година, папата Фрањо, молејќи се во подножјето на статуата на Пресвета Богородица, ѝ го довери овогодинешниот Јубилеј, како порака на надеж за човештвото искушувано од кризи и војни. Затоа, папата Лав XIV ќе се помоли на истото место неколку недели пред крајот на Светата година.

Во соопштението од Римскиот викаријат се наведува дека пожарникарите традиционално ќе бидат првите што ќе положат венец од цвеќе пред статуата на Безгрешната, во чест на 220-те пожарникари кои го отворија споменикот на 8 декември 1857 година. Тоа попладне, викарот на Рим, кардиналот Балдо Реина, и градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, ќе го пречекаат Светиот Отец во 16:00 часот, кој ќе се помоли и ќе положи венец од цвеќе во подножјето на 12-метарскиот столб на кој се наоѓа статуата на Безгрешната.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот