Со почетокот на постот се упатиме на пат кој води до Витлеем. На тој 40 дневен пат ќе можеме секојдневно заеднички да размислуваме за таинството на раѓањето на нашиот Господ и духовно да ги „подготвиме јаслите на нашите срца“ за доаѓањето на Исус, чекорејќи во понизност, милосрдие и љубов, изразувајќи ја пораката за Божиќ. Сигурни сме дека на крајот сите ќе пристигнеме пред витлеемските јасли и ќе му се поклониме на Богомладенецот!
Ова благодатно време нека донесе во вашиот живот големи духовни плодови.
Категорија:
Духовност

