Пред молитвата Ангел Господов, папата Лав XIV го привлече вниманието на трагичната ситуација во Нигерија и Камерун, каде што во последните денови имаше киднапирања на христијани. Папата, исто така, го најави денес објавувањето на Апостолското писмо „In unitate fidei“, неколку дена пред да замине за Турција и Либан.
По евхаристиското славење, папата Лав XIV ги поздрави хоровите и пејачките ансамбли кои дојдоа од целиот свет.
Потоа, пред да моли Ангел Господов, им се обрати на свештениците, верниците и студентите киднапирани во Нигерија и Камерун, молејќи се за нивно ослободување.
Со длабока тага дознав за веста за киднапирањата на свештеници, верници и студенти во Нигерија и Камерун. Чувствувам особено длабока тага за многуте момчиња и девојчиња кои беа киднапирани и за нивните семејства кои страдаат. Упатувам искрен апел за итно ослободување на заложниците и ги повикувам надлежните власти да донесат соодветни и навремени одлуки за да го гарантираат нивното ослободување. Да молиме за овие наши браќа и сестри, и црквите и училиштата секогаш и насекаде да останат места на безбедност и надеж.
Молитва и прегратки за Украина
Лав XIV ги поздрави сите присутни поклоници на плоштадот и посебно им се обрати на верниците од Украина: „Понесете ја прегратката и молитвата од овој плоштад со вас во вашата татковина“, рече Папата.
Откријте колку е убаво да се следи Господа
Светиот Отец потсети дека на празникот на Христос, Царот на вселената, Светскиот ден на младите се слави во епархиите низ целиот свет.
Ги благословувам и духовно ги прегрнувам сите што учествуваат во разните прослави и иницијативи. На празникот на Христос Царот, се молам секој млад човек да ја открие убавината и радоста кога се селди Господ, и да се посвети на Неговото Царство на љубовта, правдата и мирот!
Во единство на верата
Лав XIV го објави објавувањето на апостолското писмо „In unitate fidei“:
Моето апостолско патување во Турција и Либан се приближува. Во Турција ќе се прослави 1700-годишнината од Никејскиот собор. Затоа, денес го објавувам Апостолското писмо „In unitate fidei“, кое го одбележува овој историски настан.
На крајот, Светиот Отец повика „да се обратиме кон Дева Марија, доверувајќи ги сите овие намери и нашата молитва за мир на нејзиното мајчинско застапништво“.
Ватикан њуз/к.мк

