Августинецот Даленг е новиот вицерегент на Префектурата на папскиот дом

Августинецот Даленг е новиот вицерегент на Префектурата на папскиот дом

По потекло од Нигерија, отец Даленг претходно беше генерален советник и главен пратеник на Редот на Свети Августин.

Папата Лав XIV го именува августинецот Едвард Данијанг Даленг, OSA, поранешен генерален советник и главен пратеник на Редот на Свети Августин, за нов вицерегент на Префектурата на папскиот дом.

Роден на 4 април 1977 година во Јитлаар, Квала, држава Плато, Нигерија, ги дал своите први завети во Редот на Свети Августин на 9 ноември 2001 година, а свечените на 13 ноември 2004 година. За свештеник бил ракоположен на 10 септември 2005 година, а во 2012 година докторирал по морална теологија на Папската академија Алфонсијана.

Во интервју за ватиканските медиуми, неколку дена откако папата Лав беше избран за Петров наследник, зборуваше за посебната врска што папата Превост ја има со Африка. „Тој ја има Африка во своето срце“, рече отец Даленг и додаде: „Ги посети нашите африкански мисии неколку пати, а дојде и во мојата земја, Нигерија, најмалку десетина пати, вклучувајќи ја и посетата во 2016 година кога го одржавме Генералното собрание. За да се разбере колку се грижеше за мојата земја“, забележа тој, „доволно е да се сетиме дека, откако стана Генерален приор на 14 септември, на неговиот 46-ти роденден, тој веќе беше со нас во Нигерија во ноември. Не пропушти ниту едно собрание; тој беше секогаш присутен“, нагласи отец Даленг.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот