Во Куманово ќе биде промовирана монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“

Во Куманово ќе биде промовирана монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“

Во среда 5 ноември 2025 година со почеток во 19:00 часот во Занаетчискиот дом во Куманово ќе се одржи промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“, а во организација на Католичката црква во Куманово и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

На настанот ќе се обрати Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

На панел дискусијата ќе учествуваат епископот Стојанов, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов.

Музичките точки на промоцијата ќе бидат во изведба на Марија Ѓеоргиевска-Ристевска, Филип Костов и Дарко Тодоровски, а модератор ќе биде Огнен Коцевски.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот