Јубилеј 10 години од основањето на митрополијата за католиците од византиски обред во Унгарија

Јубилеј 10 години од основањето на митрополијата за католиците од византиски обред во Унгарија

 Во сабота 16 и недела 17 август Н.В.П. д-р Киро Стојанов во Националното светилиште Маријапоч во Унгарија учествуваше на одбележувањето на јубилејот 10 години митрополија во Унгарија за католиците од источен односно византиски обред.

Католичката митрополија во Унгарија за верниците од византиски обред (Magyar Görögkatolikus Metropólia) е релативно нова црковна структура, која во 2015 година беше воздигната од страна на папата Фрањо.

На прославата присуствуваа епископи од византиски и римски обред од Унгарија, Украина, Словачка, Романија и Македонија. Литургиските свечености ги предводеше митрополитот Фулип Кочиш, кој беше и главен проповедник. Митрополитот Филип истакна дека јубилејот е можност да се искаже благодарност до Господа Бога за минатите десет години и повика на заедништво.

Епископот Стојанов на враќање кон Македонија се задржа во Молитвениот центар на Отците Фрањевци во Војводина – „Домус Пачис” каде служеше света Литургија. Владиката на оваа патување го придружуваше директорот на Македонски Каритас, отец д-р Зоран И. Стојанов.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот