Молитвена накана за август 2025 година

Молитвена накана за август 2025 година

Молитвената накана на епископот Стојанов за август 2025 година е посветена на одморот, односно деновите за одмор нека бидат можноста пред за духовна обнова, а гласи:

Во месец август, кога голем број луѓе го поминуваат на одмор, ве повикувам да му благодариме најпрво на Бога за времето што ни го дарува за да се одмориме, телесно и духовно.

Деновите за одмор нека бидат можноста пред сé за духовна обнова, за средба со Христос во молитвата, во природата, во ближните. Да се одмориме во Неговата присутност, како што нè повикува во Евангелието: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Матеј 11,28). Во обновеното заедништво со Него да го вратиме внатрешниот мир и зајакнати да зачекориме за новите обврски кои нé очекуваат.

Господи, погледни и на оние кои храбро се справуваат со огнената стихија во земјава. Те молиме за сите пожарникари, спасувачи, шумари, и доброволци кои се на првата линија. Дарувај им сила и заштити ги од секаква опасност.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот