Ви го пренесуваме размислување за Првата недела по Педесетница – Недела на Сите Светии според Евангелието од Матеј 10,32-33; 37-38;19,27-30, кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија
Читање на светото Евангелие од Матеј
Рече Господ на своите ученици: ,,Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец, Кој е на небесата. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец, Кој е на небесата. Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сè и по Тебе појдовме: што ќе стане, со нас?”
А Исус им рече: „Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, новиот свет, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена; и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе добие стопати повеќе и ќе наследи живот вечен.
Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.”