Монахињата Тицијана Мерлети е именувана за секретар на Дикастеријата за институти за посветен живот и друштва со апостолски живот

Монахињата Тицијана Мерлети е именувана за секретар на Дикастеријата за институти за посветен живот и друштва со апостолски живот

Папата Лав XIV. монахињата од Институтот на фрањевските сестри на сиромашните ја именува за секретар на Дикастеријата, која ја извршуваше од 2023 до 2025 година сестра Брамбила, сегашен префект на Дикастеријата

Папата Лав XIV. во четврток 22 мај, ја именува сестра Тицијана Мерлети, претходната генерална поглаварка на фрањевските сестри на сиромашните, за секретар на Дикастеријата за институти за посветен живот и друштва за апостолски живот. На чело на оваа Дикастеријата е сестра Симона Брамбила, која самата беше секретарка на таа Диакстерија од октомври 2023 до јануари 2025 година, а пропрефект е кардинал Анхел Фернандез Артиме.

Родена на 30 септември 1959 година во Пинето (Терамо), сестра Тицијана Мерлети ги положила своите први монашки завети во 1986 година во Институтот на фрањевските сестри на сиромашните. Во 1984 година, се стекнала со диплома по право на тогашниот Слободен универзитет „Габриеле д’Анунцио“ во Терамо (Абруцо), а во 1992 година, со докторат по канонско право на Папскиот латерански универзитет во Рим. Од 2004 до 2013 година, е генерална поглаварка на нејзината монашка заедница. Таа моментално е предавач на Факултетот за канонско право на Папскиот универзитет Антонианум во Рим и како каноник соработува со Меѓународната унија на генерални поглаварки.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот