Рим е домаќин на Јубилејот на Источните цркви

Рим е домаќин на Јубилејот на Источните цркви

Од 12 до 14 мај 2025 година, Ватикан е домаќин на Јубилејот на Источните католички цркви, кој вклучува низа Божествени литургии на различни источни обреди.

Верниците и хиерархијата на Источните католички цркви во Ватикан од 12 до 14 мај ќе служат на различни обреди Божествени Литургии.

На 12 мај во 8:30 часот наутро во базиликата „Свети Петар“, предводена од црквите на Етиопија и Еритреја, се служеше света Литургија на етиопски обред, а во 13:00 часот Ерменската црква служеше Божествена Литургија на ерменски обред во базиликата „Света Марија Велика“. Потоа, во 15:00 часот во истата базилика, се служеше коптска литургија.

Распоред за 13 мај

На 13 мај, славењата ќе бидат пвотрно во црквата „Свети Петар“ со Божествена литургија во источносирискиот обред, во 13:00 часот, со анафора на Адај и Мари, древната евхаристиска молитва на Источната Црква. Славењето ќе го предводат Халдејската и Сиро-Малабарската црква.

Вечерта, во 18:45 часот, црквата „Света Марија Велика“ ќе биде домаќин на Вечерна служба организирана од Сириската католичка црква, Маронитската црква и Сиро-Маланкара црквата.

И на крајот, во 21:00 часот, во предворјето на истата базилика ќе се одржи акатист— пофалба на Богородица од византиската Литургија.

Аудиенција со папата Лав

Во среда, 14 мај, последниот ден од Јубилејното ходочестие на Источните цркви, закажана е аудиенција кај папата Лав XIV во 10:00 часот во салата Павле VI, по што во 14:00 часот ќе следи враќање во црквата „Свети Петар“ на Божествена литургија од византиски обред, која ќе ја служат Грчката мелкитска католичка црква, Украинската источно-католичка црква, Романската источно-католичка црква и другите цркви од византиски обред.

Источните католички цркви

Постојат 23 Источни католички цркви, кои се самоуправни и во целосна заедништво со Папата, и негуваат различни литургиски обреди, теологија и традиции вкоренети во источното христијанство.

Повеќето од овие цркви потекнуваат од историски обединувања меѓу источните православни заедници и Католичката црква, и можат да се најдат низ Источна Европа, Блискиот Исток, Индија и делови од Африка, со заедници во дијаспората низ целиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот