Папата ненадејно се појави на плоштадот Свети Петар

Папата ненадејно се појави на плоштадот Свети Петар

На крајот од светата Литургија за Јубилејот на болните и здравствените работници, Папата им посака на присутните ходочесници: „имајте убава недела и многу ви благодарам“. Ова е прво јавно појавување на Папата откако ја напушти болницата во недела на 23 март.

Папата Фрањо официјално не требаше да се појави официјално оваа недела, 6 април 2025 година. Меѓутоа, додека светата Литургија за Јубилејот на болните и здравствените работници беше при крај, Папата ненадејно пристигна на плоштадот Свети Петар.

Поминувајќи покрај заедницата, Папата стигна до олтарот, каде надбискупот Рино Физикела, префект на Дикастеријата за евангелизација, служеше света Литургија.

По завршниот благослов, папата Фрањо им се обрати на присутните ходочесници со неколку едноставни зборови: „Имајте убава недела. Ви благодариме на сите!!“ Веднаш потоа се врати во својата Домот Света Марта.

Ходочесниците ја изразија својата радост и со аплауз и многубројни извици „Viva il Papa“ („Да живее папата“).

Потполн опрост

Светиот Отец пред да ги поздрави и да им се заблагодари на верниците на плоштадот Свети Петар „ја прими Светата Тајна Исповед во базиликата Свети Петар, се собра на молитва и помина низ Светата врата“, соопштија од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ова значи дека Папата ги презел потребните чекори неопходни за да добие потполн опрост, заедно со ходочесниците кои дојдоа во Ватикан овој викенд за Јубилејот на болните и здравствените работници.

Од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во петокот, 4 април, известија дека здравствената состојба на папата Фрањо благо се подобрува и дека Светиот Отец е добро расположен.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот