Молитвена накана на епископот Стојанов за март 2025 година

Молитвена накана на епископот Стојанов за март 2025 година

Молитвената накана на епископот Стојанов за март 2025 година е посветена на жените и нивното достоинство во семејството, Црквата и општеството

Жената, како и мажот е создадена според образот Божји, како што вели Првата Книга Мојсеева: „И го создаде Бог човекот според образот Свој; машко и женско ги создаде“. Жената е носителка на животот, столб на семејството, верна служителка и молителка во Црквата и активен учесник во напредокот на општеството. Нејзината возвишена улога во семејството, Црквата и општеството е незаменлива.

Господ нека ги исполни срцата на луѓето за да го препознаат достоинството на жената, за да биде почитувана и поддржувана во сите нејзини улоги – во семејството, Црквата и општеството. Зајакни ги оние кои страдаат од неправда, подигни ги оние кои се понижени, заштити ги оние кои се изложени на насилство и од сè она што би можело да го одземе нивното достоинство.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот