Објавена е катехезата предвидена за Генералната аудиенција која Папата требаше да ја одржи во среда 26 февруари 2025 година во салата Павле VI, но која беше откажана поради продолжената хоспитализација на Папата во поликлиниката „Гемели“. Во текстот, Папата размислува за принесувањето на Исус во Храмот и поттикнува да бидеме како Симеон и Ана, „ходочесници на надежта“ со јасен поглед способен да гледа надвор од надворешноста.
За убавината на „Исус Христос, нашата надеж“ во таинството на неговото принесување во Храмот – ова е темата на подготвената катехеза на папата Фрањо објавена од Канцеларијата за печат на Светиот Престол на денот кога вообичаено се одржува Генерална аудиенција во среда, но Светиот Отец веќе некое време е во болница поради влошена здравствена состојба.
Пишувајќи за евангелистот Лука, кој ја отсликува послушноста на Марија и Јосиф кон Законот за детството на Исус, Папата потсетува дека всушност во Израел немало обврска да се принесе детето во Храмот. Меѓутоа, оние што живееле според Божјото Слово сакале да се усогласат со него, сметајќи го за достоен чин на вера.
Папата продолжува дека Марија и Јосиф прават повеќе од накалемување на Исус во историјата на семејството, народот и заветот со Бога. Тие го чуваат, го штитат и се грижат за него додека расте и го воведуваат во атмосфера на вера и обожување, а тие самите постепено растат во разбирањето на нивниот повик, кој во голема мера ги надминува.
Во храмот „Домот за молитва“ – продолжува Папата – Светиот Дух му зборува во срцето на старецот Симеон, член на светиот Божји народ, кој длабоко ја негува желбата за исполнување на пророчките ветувања што Бог му ги дал на Израел. Нагласува за Симеон дека во Храмот го гледа присуството на Господовиот Помазаник и дека ја гледа светлината што свети меѓу народите потопена „во темнина“ и тргнува да се сретне со тоа дете кое – како што пророкува Исаија – „ни се роди“, синот „Кнез на мирот“.
Затоа Симон го прегрнува детето кое мало и беспомошно почива во неговите прегратки; но всушност тој е оној кој наоѓа утеха и полнота на својот живот прилепувајќи се за Исус. Папата потсетува дека Симеон го изразува тоа и во својата песна полна со благодарност, која Црквата ја прифати како молитва со која треба да се заврши денот, а се наоѓа во второто поглавје од Евангелието според Лука во пасусот „Пророштвото на Симеон“, а гласи: Сега го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои; зашто очите мои го видоа спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи: светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.”
Папата објаснува дека Симеон ја пеел радоста на оној кој ја видел, препознал и можел да им ја пренесе на другите средбата со Спасителот. Тој е сведок на верата што им ја пренесува на другите, сведок на надежта која не разочарува и на Божјата љубов која го исполнува човечкото срце со радост и мир. „Исполнет со оваа духовна утеха“, објаснува, „старецот Симон не ја гледа смртта како крај, туку како исполнување, полнота, ја чека како „сестра“ која не го потиснува, туку го воведува во вистинскиот живот што тој однапред го вкусил и во кој верува.
Завршувајќи го своето размислување велејќи дека Симон не бил единствениот што го видел спасението воплотено во детето Исус. Истото важи и за Ана, вдовица која целосно се посветила да служи во храмот и на молитвата. Кога го виде детето, таа го слави Богот на Израел кој го откупи својот народ во тоа малечко. Таа им кажува и на другите за него, напиша Папата, заклучувајќи дека „песната на откупувањето на двајцата старци на тој начин го ослободува јубилејот за целиот народ и за светот“. Во Храмот надежта повторно се буди во срцата затоа што Христос, нашата надеж, влегол во него.
На самиот крај, Светиот Отец ги повикува верниците да ги наследуваат Симеон и Ана, „ходочесници на надежта“ кои имаат бистри очи способни да гледаат надвор од надворешноста, кои знаат да го препознаат Божјото присуство во маленкоста и кои радосно ја прифаќаат Божјата посета и повторно ја разгоруваат надежта во човечкото срце.
Ватикан њуз/к.мк
https://www.vaticannews.va/hr/papa/news/2025-02/papa-franjo-kateheza-26-veljace-bog-prisutnost-nada.html