Папата и израелскиот претседател разговараа за потребата повторно да се отворат сите канали на дијалог

Папата и израелскиот претседател разговараа за потребата повторно да се отворат сите канали на дијалог

Папата Лав XIV и претседателот на Државата Израел, Исак Херцог, во петокот наутро телефонски разговараа по повод велигденските празници. Во средиштето на разговорот била потребата да се стави крај на тешкиот судир што и понатаму трае.

Телефонскиот разговор меѓу папата Лав XIV и претседателот на Државата Израел, Исак Херцог, се одржал во петокот наутро, на 3 април 2026 година, по повод велигденските празници.

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, со кое беше потврден разговорот, „за време на разговорот повторно беше истакната потребата од повторно отворање на сите можни канали на дипломатски дијалог, со цел да се стави крај на сериозниот актуелен судир и да се постигне праведен и траен мир на целиот Блиски Исток“.

Во продолжение на разговорот, се додава во соопштението, вниманието било насочено кон важноста од заштита на цивилното население и кон унапредување на почитувањето на меѓународното и хуманитарното право.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот