Основачот на светилиштето Помпеја ќе биде прогласен за светец

Основачот на светилиштето Помпеја ќе биде прогласен за светец

За време на аудиенција со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и надбискупопт Едгар Пења Пара, одржана на 24 февруари 2025 година, Светиот Отец одобри канонизација на двајца блажени и објавување на декрети за херојски доблести и за жртвување на животите на Бога на пет слуги.

Папата Фрањо ја овласти Конгрегацијата за прогласување светци да ги објави декретите кои отвораат нова страница во историјата на Црквата.

Најзначајната одлука е за канонизација на двајца блажени. Светиот Отец ги потврди позитивните резултати од гласањето на редовната седница на кардиналите и бискупите – членови на Дикастеријата – за канонизација на блажениот Хозе Григорио Ернандез Сиснерос, лаик роден во Инат, Венецуела, на 26 октомври 1864 година, кој починал во Каракас на 29 јуни 1919 година, како и блажениот Бартоло Лонго, посветен лаик роден во Лацио, Италија, на 10 февруари 1841 година, а починал во Помпеја на 5 октомври 1926 година.

Бартоло Лонго – основач на светилиштето во Помпеја

Бартоло Лонго, поранешен масон кој се вратил во католичката вера, е познат како основач на Светилиштето на Пресвета Богородица од Бројаницата во Помпеја, едно од најпопуларните места за ходочестие во Италија. Својот живот го посветил на ширење на побожноста кон Пресвета Богородица од Бројаницата, каритативни цели, основање сиропиталишта и помагање на сиромашните.

Хозе Грегорио Хернандез – доктор на сиромашните

Хозе Грегорио Хернандез Циснерос, познат како Доктор на сиромашните, бил венецуелски лекар кој бесплатно ги лекувал најранливите слоеви од населението. Неговата длабока вера и милосрдие биле очигледни во неговата секојдневна служба на болните и сиромашните.

Во врска со канонизацијата на овие две угледни личности, Светиот Отец одлучи да свика конзисториум.

Понатаму, Папата ги одобри декретите за жртвување на животите на двајца Божји слуги: Емилио Џузепе Капоан, епархиски свештеник, роден на 20 април 1916 година во Канзас, САД, а починал на 23 мај 1951 година. во севернокорејскиот логор Поктон и Салво Д’Аквизито, лаик, роден во Неапол на 15 октомври 1920 година, а почина, во Палидоро, Италија, на 23 септември 1943 година.

Херојските доблести на тројца Божји слуги

Папата одобри и декрети за херојските доблести на тројцата Божји слуги. Меѓу нив е и Мауро Монтанер, бискупски свештеник и основач на Конгрегацијата на сестрите чуварки на Евхаристијата, роден во Палма де Мајорка, Шпанија, на 6 септември 1843 година, а починал во местото на раѓање на 19 септември 1915 година; Дидако Беси, бискупски свештеник, основач на Конгрегацијата на доминиканските сестри на Пресвета Богородица од Бројаница, роден на 5 февруари 1856 година во Иола, Италија, а починал во местото на раѓање на 25 мај 1919 година; и Кунегонде Сивец, мирјанка, родена на 28 мај 1876 година. во Стришов, Полска и починала таму на 27 јуни 1955 година.

Сите овие одлуки се важен чекор во процесите на беатификација и канонизација на поединци кои со својот живот сведочеле за Евангелието на Исус Христос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот