Канцеларијата за печат на Светиот Престол ги соопшти најновите информации за здравствената состојба на папата Фрањо, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“. Папата продолжува да ја прима препишаната терапија; Утрово се причести и се посвети на некои работни активности и читање текстови. Папата е трогнат од бројните пораки на наклонетост и близина кои ги добива во последните часови и им се заблагодарува на пациентите во болницата за наклонетоста и љубовта што му ја искажуваат преку цртежи и пораки.
Светиот Отец нема температура и продолжува со пропишаната терапија. Неговата клиничка состојба е стабилна. Утрово се причести, а потоа се посвети на некои работни обврски и читање.
Папата Фрањо е трогнат од бројните пораки на љубов и блискост кои продолжува да ги добива во овие часови; посебно сака да им се заблагодари за наклонетоста и љубовта на оние кои моментално се во болницата кои тоа го искажуваат со своите цртежи и добри желби; се моли за нив и бара и тие да се молат за него“.
Ова го соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол во соопштение од 17 февруари вечерта во кое известува за здравствената состојба на Папата, кој е хоспитализиран од 14 февруари поради полимикробна респираторна инфекција, која беше потврдено со резултатите од испитувањата спроведени во изминатите денови.
Ватикан њуз/к.мк