По молитвата Ангел Господов, Папата ги спомена црковните заедници на Истокот кои го слават Божиќ и ја загарантира својата близина со погодените од последиците од конфликтите.
Да не заборавиме да молиме за мир во напатените Украина, Палестина, Израел, сите земји кои се во војна, во Мјанмар.
Имињата на земјите кои страдаат поради конфликт се втиснати во срцето на папата Фрањо, кој не пропушта ниту една прилика уште еднаш да го испрати својот крик и плачот на целата Црква за постигнување мир. Така, во пладневниот наговор, по молитвата Ангел Господов, повторно ги поттикна верниците да се молат и на тој начин да дадат принос за да се оствари. Тоа го направи и со обраќањето до црковните заедници од Истокот кои го слават Божиќ.
На посебен начин, ги гарантирам моите молитви за оние кои страдаат поради конфликти кои се во тек. Нека Исус, Кнезот на мирот, донесе мир и спокој на сите!
Молете се за младите од другите континенти
Тој упати поттик и за молитва до децата и младите кои, на празникот Богојавление, го слават Светскиот ден на Папското мисионерско дело на Светото Детство на тема: „Одете и поканете ги сите на гозба“.
Ги поздравувам децата и младите мисионери од целиот свет и ги охрабрувам да се ангажираат преку молитвата и солидарноста за доброто на нивните врсници на другите континенти.
Ватикан њуз/к.мк