Честитка за Божиќ до бискупот Стојанов од Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски
Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски по повод празникот Рождество Христово – Божиќ упати честика до бискупот Стојанов, која ја пренесуваме во целост.
Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
Дозволете во мое лично име и во име на Владата, на сите христијани во Македонија кои го прославуваат рожденденството Христово – Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам овој голем христијански празник со искрени желби за здравје, радост и заеднички успеси.
Христовото раѓање е симбол на надежта и љубовта меѓу луѓето. Нека Божиќниот ден донесе мир и спокој во секој наш дом, како и сила да се соочиме со секојдневните искушенија. Нека нашата силна волја, подадена рака и милосрдието бидат нашиот одговор кон сите предизвици со кои се среќаваме.
Вековите ги надоградуваат моралните, семејните и духовните вредности кои не само што ни помагале во најтешките времиња, туку тие продолжуваат да бидат наша заедничка водилка и за иднината. Само преку силната вера и посветеност кон правењето добри дела можеме да создадеме подобро утре за целата држава.
Нека нашата Татковина биде подобро места за живеење, земја на нови големи победи и – најважно – држава со повеќе среќни граѓани.
Радосната вест која се пренесува низ генерации, повторно нека го огрее сонцето на секој верник и сограѓанин.
Христос се роди! Навистина се роди!
Со почит,
проф. д-р Христијан Мицкоски
Фото: Инстаграм hristijan_mickoski