Од профилот @Pontifex на девет јазици на социјалната мрежа Х, папата Фрањо уште еднаш покажа со прст кон војните предизвикани од алчноста за суровини и пари, како и кон воената економија која води до нестабилност и корупција. Светиот Отец ги повтори осудите изнесени за време на неговото патување во Демократска Република Конго во 2023 година, кога во нунцијатурата во Киншаса се сретна со група жртви на насилство на Истокот и ги повика одговорните: „Престанете да се збогатувате на сметка на слабите со пари извалкани со крв“.
Скандал и лицемерие е што поради конфликти поттикнати од алчност и корупција, цели народи се преполовуваат, а работните места на „смртта“ се зголемуваат, е острата осуда на Папата, која ја испрати на девет јазици на 9 декември 2024 година, на платформата Х од неговиот профил @Pontifex.
Уште еден силен апел
По вчерашните зборови кои ги упати од прозорецот на Апостолската палата за време на пладневното обраќање, со барањето за прекин на огнот во сите воени зони за време на божиќните празници, во вторник 10 декември 2024 година папата Фрањо се појави на друг прозорец, виртуелниот, прозорецот на социјалните мрежи, за да им ја предочи на милиони луѓе грдоста на овој свет. Дволичноста на економијата, копнежот за акумулација по секоја цена, достоинството и самиот човечки живот се газат во името на богот на парите.
Зборови упатени до жртвите на истокот на Демократска Република Конго
Зборовите кои папата Фрањо одлучи да ги објави на профилот @Pontifex се преземени од говорот што го одржа во јануари 2023 година, за време на патувањето во Демократска Република Конго, пред група луѓе кои дојдоа од источниот дел на земјата, односно од Северен Киву и други соседни региони, измачувани со масакри, силувања, убиства и друго несфатливо насилство. Ужасот кој преку страшни сведоштва детално го пренесоа тие мажи, а особено жените, кои беа на средба со Папата во нунцијатурата во Киншаса.
Папата Фрањо, видно трогнат од нивните говори, но и од желбата на жртвите да им простат на своите крвници, во својот говор ја осуди војната на истокот на Демократска Република Конго, срамно поттикнати – како што рече – од надворешни и внатрешните сили. И покажа со прст кон оние кои ги влечат конците на конфликтот и истакна: Доста е! Престанете да се збогатувате на сметка на најслабите! Престанете да се богатите со ресурси и пари извалкани со крв! Од таму потекнува осудата на војните предизвикани од ненаситна алчност за суровини и пари, која ја поттикнува воената економија предизвикувајќи нестабилност и корупција. Со луѓе кои се силувани и убиени и работни места кои мирисаат на смрт, а кои за жал се зголемуваат.
Ватикан њуз/к.мк