Папата Фрањо во петок 29 ноември 2024 година во аудиенција прими посветени мажи и жени, мирјани, обединети во харизмата на свети Јосиф Каласанџи, основачот на Друштвото на побожните христијански школи, односно отците „пијаристите“, по повод 75-годишнината од формирањето на семејството Каласанџи и ги охрабри да го задржат својот талент во грижата за целосниот раст на личноста, во свет кој ги турка младите кон распарчување на чувствата и сознанијата и кон индивидуализам. Тој, исто така, ги охрабри да инсистираат на „нормални“ односи.
Зачувајте во вашите одлуки храбра послушност кон Промислата на вашиот основач, свети Јосиф Каласанџи, и исто така и отвореност и подготвеност да бидете храбри, за да одговорите на потребите на сиромашните, на патишта различни од веќе воспоставените.
Ватикан њуз/к.мк