Пред почетокот на генералната аудиенција во среда, 6 ноември 2024 година, Папата положи цвеќе пред статуата на „Virgen de los Desamparados“, заштитничка на Валенсија, шпанскиот град опустошен од невремето Дана. На крајот повторно апелираше за мир, спомнувајќи ги 153-те цивили убиени од митралези на улица
Сакав да ја поздравам Virgen de los Desamparados“,Богородица која се грижи за сиромашните, заштитничка на Валенсија, која многу страда, како и другите делови на Шпанија.
По знакот на крстот, благослов и неколку моменти собраност, Папата положи цвеќе на олтарот каде што беше поставена статуа на Пресвета Богородица на беспомошните, дар од жителите на Валенсија погодени од големото уништување предизвикано од бурата Дана. Сакав да биде тука – објасни папата Фрањо пред да ја започне катехезата на генералната аудиенција на 6 ноември и додаде: Денеска на посебен начин да молиме за Валенсија и за другите области на Шпанија кои страдаат поради поплавата.
Апел за мир
Затоа пред крајот на аудиенцијата заедно со верниците собрани на плоштадот Свети Петар измоли „Радувај се Марија“ за населението на Пиринејскиот полуостров. Пред молитвата тој уште еднаш упати апел за мир: Да не ја заборавиме напатената Украина, која толку многу страда – повика Папата. Да не ги заборавиме Газа и Израел. Пред неколку дена со митралези беа стрелани 153 цивили кои минуваа низ улицата. Тоа е многу тажно – истакна Папата, кој веќе го спомена настанот во своето пладневно обраќање на 1 ноември. Да не го заборавиме Мјанмар – додаде на крајот папата Фрањо.
Мислите на Папата за Валенсија
Моментот на тишина пред статуата на Пресвета Богородица следуваше по апелот кој Папата го упати до населението погодено од поплавата за време на неговото пладневно обраќање во недела на 3 ноември. Што правам за луѓето од Валенсија? Ве молам? Дали нудам нешто? Размислете за тоа прашање – поттикна папата Фрањо. Според локалните власти, 89 лица се водат за исчезнати во шпанскиот регион, а потврдениот број на загинати е 211 лица.
Ваткикан њуз/к.мк