Папата Фрањо на 4 ноември 2024 година во аудиенција ги прими учесниците на третата средба „Црквата – полска болница“ која се одржува во Рим и им се заблагодари за нивното ангажирање за најранливите. Тој посочи дека и сиромашните го навестуваат Христа примајќи ги муслиманските мигранти, но и сите, дури и атеистите и верниците од други религии, можат да им служат на сиромашните, а во нив и на Исус. Вистинската евангелизација – објасни Папата – е во христијанско застапништво за оние во најголема потреба.
Да им се помага на слабите е секогаш привилегија, можност да се допре до телото Христово и ни овозможува со христијанското ангажирање за најпотребните да го навестуваме Евангелието – истакна папата Фрањо, примајќи ги во аудиенција учесниците на третата средба „Црквата – полска болница“, која го промовира здружението Здружение на гласници на мирот (Asociación Mensajeros de la Paz), отец Анхел Гарсија Родригез. Светиот Отец потсети на трите начела неопходни за Црквите да бидат како теренска болница: да го навестуваат Христос, да ги намалат нееднаквостите и да сеат надеж. Тоа е така затоа што треба да бидеме свесни дека малку луѓе доаѓаат во Црквата, па мораме да одиме да ги бараме – објасни Папата.
Третата средба на „Црква – полска болница“ започна во неделата во Рим, а присуствуваат педесетина луѓе од различни здруженија од Шпанија (Мадрид и Барселона), Италија, Јордан, Мексико и Аргентина. Темата на средбата е „Синодалната црква и црквите – полски болници во служба на човештвото“. Други средби беа организирани во Мадрид и Барселона. Меѓу првите промотори е Здружението „Гласници на мирот“ (Asociación Mensajeros de la Paz), кое е основано во 1962 година од отец Анхел Гарсија Родригез (кој сега има 87 години). Тоа е меѓународна невладина организација со седиште во Мадрид, Шпанија, која работи во повеќе од 50 земји ширум светот со цел човечка и социјална промоција на најранливите групи во општеството, приспособувајќи се на различните општествени реалности.
Ватикан њуз/к.мк