Најава: Сто години Деканат „Свети Кирил и Методиј“

Најава: Сто години Деканат „Свети Кирил и Методиј“

По повод 100 години од основањето на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко-скопската епархија, во сабота 5 октомври 2024 година со почеток во 18:30 часот во Катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица ќе се одржи свечена академија, на која ќе се одржат повеќе предавања поврзани со стогодишниот јубилеј на Деканатот.

Свеченоста ќе се одбележи со света архиерејска Литургија во недела 6 октомври 2024 година со почеток во 10:30 часот во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово, а во рамки на празнувањето на Марија од Назарет, која ќе ја предводи Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во заедништво со повеќе епископи.

На свеченостите ќе присуствуваат гости од земјата и регионот, меѓу кои епископот Милан Стипиќ од Крижевци, епископот Ѓуро Џуџар од Руски Крстур, епископот Петко Валов од Софија, делегатот на атинскиот епископ, отец Саболшч Пап, свештеници, членови на монашки заедници и верниот народ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот