Папата: Вештачката интелигенција и науката поттикнуваат „антрополошка револуција“

Папата: Вештачката интелигенција и науката поттикнуваат „антрополошка револуција“

Во пораката до учесниците на XVII. на меѓухристијанскиот симпозиум што започна на 28 август 2024 година, во Трани – Апулија, Италија, Папата истакнува дека науката и технологијата суштински го менуваат начинот на кој човечките суштества го сфаќаат постоењето; Христијаните мора секогаш да ја штитат својата природа како деца Божји

„Антрополошка мутација“ неспоредлива во однос на брзината и способноста за влијание и условување, која структурно го менува самиот начин на кој денешните мажи и жени ги сфаќаат основните искуства на нивното постоење, како што се генерирањето живот, раѓање и смрт. За ова зборува Папата во својата порака до учесниците на XVII. на меѓухристијанскиот симпозиум, кој се одржува од 28 до, 30 август, во Трани, Италија, на поттик на Фрањевскиот институт за духовност на Папскиот универзитет Антонијанум, заедно со одделот за теологија на Православниот теолошки Факултетот на Универзитетот „Аристотел“ од Солун, под наслов кој во својата едноставност зборува за многу важно истражување „Што е човек?“.

Науката и трансценденцијата

Во оваа смисла е во тек вистинска револуција – забележува папата Фрањо – и не може да се нарече поинаку. Во пораката што ја испрати до кардиналот Курт Кох, раководител на Дикастеријата за промовирање на христијанското единство, Папата го споменува како „особено интересен“ фактот што ваквото размислување заеднички го поттикнуваат католиците и православните. Промените поттикнати од развојот на вештачката интелигенција, неверојатниот развој на полето на науката, сето тоа – истакнува Папата – ги принудува денешните мажи и жени да го преиспитаат својот идентитет, својата улога во светот и во општеството и нивниот повик на трансценденција. Имено, специфичноста на човечкото суштество во целото создание, неговата уникатност во однос на другите животни, па дури и неговиот однос со машините, постојано се доведуваат во прашање.

Длабоко размислување

Соочени со оваа антрополошка револуција, не е возможно да се реагира само со негирање и критики – смета Папата – туку е потребно длабоко размислување, способно да ги обнови размислувањата и одлуките што мора да се донесат. Тоа е предизвик кој важи за сите христијани, без разлика на која Црква припаѓаат – додава тој – и пред кој треба повторно да се истакне дека секој човек има достоинство со самиот факт што постои, како духовен ентитет, создаден од Бога. Достоинството е она што треба да се заштити од многу конкретни закани како што се сиромаштвото, војната и експлоатацијата – истакнува на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот