На Велики Четврток, 28 март 2024 во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, на Велики Четврток, свечената Литургија Вечера Господова ја предводеше Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов во сослушение со скопскиот парох патер Винко Маслаќ, директорот на Македонски Каритас и ректор на Светилиштето во Паљурци протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов и катедралниот викар патер Томислав Рукавина.
По хомилијата следуваше обредот миење нозе во кој бискупот на дванаесет избрани верници ги изми нозете и им подари леб кој е симбол на братска љубов. Овој чин на љубов го направи и Исус на Последната вечера со своите ученици, и на тој начин им остави пример за вистинска љубов и служење еден на друг.
По причесната молитва бискупот Стојанов во придружба ја пренесе Светата Причест во дарохранителницата.
На литургијата пееше катедралниот хор под водство на Јулија Неловска.
к.мк